Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ЗНАЕ ДА ГО ПОГОДИ ВКУСОТ НА ВИНОТО И ОД ТОА ДА НАПЛАТИ 27 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ – еве како се зголемија приходите и профитот
Економија

КОЈ ЗНАЕ ДА ГО ПОГОДИ ВКУСОТ НА ВИНОТО И ОД ТОА ДА НАПЛАТИ 27 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ – еве како се зголемија приходите и профитот

19/08/2024

AA

Нови вина, нови вкусови, интересен
дизајн, креативна амбалажа… Едноставо треба да се знае и умее како. И тогаш
купувачите, секако поттикнати и од добра реклама, сами ќе дојдат да побараат од
вашиот производ, сеедно дали се пребирливи странци, или, пак, традиционалната
домашна клиентела, која исто така се модернизира со текот на времето и не
прифаќа било каков квалитет.

Малку вовед за полугодишниот
резултат на Винарската визба „Тиквеш“, чија добивка достигна имперсивни 2,14 милиони
евра за шест месеци, со што се вброи во првите десет најпрофитабилни компании
во македонската индустрија. А, во однос на истиот период од минатата година,
тоа е зголемување за 23 проценти, покажува Билансот на успех на тоа
акционерско друштво.

Да видиме како се прави чист
профит поголем од два милиони евра за шест месеци. Одговорот е веројатно во
доброто вино.

Или, за нештата да станат
појасни, треба да објасниме дека „Тиквеш“ во првото полугодие од годинава продал вино за дури
27 милиони евра. Толку неговите клиенти биле спремни да платат во рок од шест
месеци за да набават од овој производ, и во однос на истиот период од минатата
година, тоа е зголемување од 13 проценти.

Од овие приходи, прилично поголем
дел, односно 15,6 милиони евра, се слеале од странските пазари, или тоа се
приходи од продажба на странски пазар. Кај нив е регистриран и многу поголем
пораст во однос на истиот период од минатата година, и тој изнесува 17
проценти. Ова значи дека странските кииенти стануваат се побројни, или можеби и повеќе се спремни да платат за вкусот на виното од македонското поднебје.

А, растат и приходите на
домашниот пазар, иако тие и биле пониски во апсолутен износ од оние на
странскиот, а и имаат помал процент на зголемување. Па така, на Македонците
„Тиквеш“ во првите шест месеци од годинава успеал да им продаде вино за 11,2
милиони евра, што во однос на истиот тајминг лани е раст за 9 отсто.

Она што е добра вест, е дека се
намалени трошоците на продадените производи и услуги. Со сума од 15,62 милиони
евра тие се за малку, односно за еден отсто пониски од истиот период во
минатата година.

Сето ова придонело „Тиквеш“ да
има одлична бруто добивка од 11,2 милиони евра, што во однос на истиот период
лани е зголемување за 41 отсто.

Од овие пари компанијата требало
да ги подмири и административните трошоци, кои изнесувале 1,8 милиони евра и се
за 13 отсто повисоки од лани, како и трошоците за продажба и маркетинг, односно
дистрибуција, кои изнесувале 2,67 милиони евра и кај нив има зголемување за
дури 28 отсто. Тоа значи дека производот не треба да се знае само како да се
произведе, туку и да се продаде, со сите следествени дизајнерски и маркетиншки
подобрувања за до што повеќе купувачи да допре неговиот квалитет.

После плаќањето на овие и други
трошоци, „Тиквеш“ го завршува првото полугодие со оперативна добивка од 2,71
милиони евра, што е раст за 22 отсто во однос на истиот период лани.

Поради значајно помалите
финансиски приходи, но и поголемите финансиски расходи од 367 илјади евра, а и
по пресметувањето на данокот, нето добивката или чистиот профит дошле до ниво
од 2,14 милиони евра, што е раст за 23 проценти во однос на истиот период од
минатата година.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски во петокот изјави дека лозарите и луѓето кои што се занимаваат со оваа работа се задоволни од откупните цени за грозјето. 

Премиерот ги охрабри винарските визби, производителите на вино, како и оние коишто го откупуваат грозјето, уште повеќе, ако можат и дозволуваат нивните бизнис планови, да ја зголемат цената, бидејќи вообичаен род е некаде меѓу 100 до 120 милиони килограми.

„И јас би ги охрабрил винарските визби производителите на вино коишто го откупуваат грозјето уште повеќе ако може ако дозволуваат нивните бизнис планови да ја зголемат цената бидејќи знаете вообичаен род е некаде меѓу 100 до 120 милиони килограми. Оваа година поради временските предизвици негде меѓу 65 до 70 милиони килограми. Секако нема доволно род на пазарот, така што ги охрабрувам уште повеќе да ги стимулираме земјоделците, лозарите  да се вратат на нивите и повторно би рекол да ги возобновиме лозовите насади и повторно да можеме да произведуваме од 100 до 120 милиони килограми во текот на годината“ рече премиерот.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy