Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ЈУНАК ЌЕ ПЛАТИ: ВТОРА СРЕЌА ЗА ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР – се бараа еден милион евра, но сега цената падна на 600 илјади
Економија

КОЈ ЈУНАК ЌЕ ПЛАТИ: ВТОРА СРЕЌА ЗА ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР – се бараа еден милион евра, но сега цената падна на 600 илјади

22/09/2023

AA

Во понеделник е голем ден за Топланата
Скопје Север. Ова претпријатие кое нема ни „мајка ни маќеа“, бидејќи неговиот
сегашен сопственик е во стечај, сега ќе си ја бара среќата во некој
потенцијален нов газда. И тоа по втор пат.

Практично, на стартот на наредната недела преку Берзата ќе се продава
Топланата Скопје Север, а со оглед што таа е во сопственост на АД во стечај – „Топлификација“, продажбата ќе оди на барање на една од
членките на Берзата, Комерцијална банка. 
Продажбата ќе оди по пат на јавна берзанска аукција, а ќе се реализира
според моделот „се или ништо“.

„Ве известуваме дека
на 25.09.2023 година
на
барање на членката Комерцијална Банка, по пат на јавна берзанска
аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
, од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во
стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје
Север АД Скопје што претставува 99,98
 отсто од основната
главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 482 денари по акција преку
моделот “се или ништо“
, се вели во објавата од Берзата за понеделничката претстојна берзанска
аукција.

Ова значи дека за
целата Топлана Север практично ќе се бараат 31,3 милиони денари, или 607 илјади
евра. А, тие пари што ќе се остварат од продажбата, веројатно ќе влезат во
стечајната маса на Топлификација, а потоа оттаму ќе се распределуваат на
доверителите на таа компанија.

Дали воопшто аукцијата планирана за понеделник ќе се реализира, ќе видиме,
односно дали ќе се јават воопшто заинтересирани купувачи и дали тие ќе бидат подготвени да платат соодветна сума за топланата.

Ако малку се
пребара по податоците, ќе се види дека и во октомври лани имало обид да се
продаде топланата Север, но тоагаш за повисока сума, од близу еден милион евра.
И тогаш понудувач била Топлификација во стечај. На аукцијата требало да бидат понудени сите акции, а почетната цена која се барала за
компанијата била околу еден милион евра. Или, на барабан одеа 77.414 обични акции на компанијата, по цена од 780 денари за
акција, што е рамно на 982 илјади евра. Моделот исто така бил „се или ништо“. Потоа немаше информација што се случи со оваа
евентуална зделка. 
Очигледно дека таа не била реализирана,
бидејќи сега се оди на „втора среќа“, и со значително намалена цена, за околу
една третина од онаа што се барала пред неколку месеци.

Како и да е, за таа топлана ќе биде многу добро да си добие сопственик
прецизно дефиниран, и кој правилно ќе стопанисува со неа и ќе се грижи за
нејзиното одржливо и рентабилно работење.

Што значи јавна берзанска аукција за големи пакети акции?

Правилата на берзата говорат дека тоа е постапка во која продавачот
според однапред утврдени услови дава понуда за продажба на акции кои се предмет
на аукцијата, при што учесниците согласно правилата на аукцијата
меѓусебно се наддаваат за купување на акциите. 
Има неколку модели по кои се врши продажбата. Кога се оди
на моделот „се или ништо“, како во овој случај, 
целата
понудена количина на акции се продаваатво пакет, преку една трансакција
.

Како
потенцијални купувачи на овие акции може да се јават 
сите
заинтересирани домашни и странски правни и физички лица, согласно законските
прописи на 
земјава. 
Притоа, токму членката на Берзата која ги застапува
продавачите на акции, како што е во случајов Комерцијална
банка, доставува барање
до Берзата за организирање аукција.

За јавната
берзанска аукција при моделот “се
или ништо” е битно дека БЕСТ
системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена. БЕСТ системот
ги прифаќа само куповните налози со цени кои се еднакви или повисоки од
понудената продажна цена за определена акција. Цените на внесените куповни налози во БЕСТ системот може
само да се зголемуваат. Затворањето на аукцијата се случува автоматски
при што БЕСТ системот автоматски склучува трансакција со налогот кој е
прворангиран.

Топлана Север јавноста ја памети дека лани, во екот
на најголемата енергетска криза беше прва која пушти парно за своите корисници,
но набргу потоа парното им секна на околу 500 домаќинства, па тие беа принудени
да се мрзнат во студени денови, се додека државата не го реши проблемот.

Финансискиот извештај на оваа по многу нешта специфична компанија
говори дека таа лани била загубар, односно деловната година ја завршила со
захгуба од 321 илјади евра.

Минатата година беше позната по тоа што енергенсот кој е потребен
за снабдување со парно, природниот гас, имаше екстремно високи цени, а
државната ЕСМ, која го презеде менаџирањето со снабдувањето со парно, секој
месец го купуваше енергенсот, а за тоа се издвојуваа високи суми средства. Токму Топланата Север беше таа што прва пушти парни за своите околу
500 домаќинства корисници, а ваквото однесување тогаш предизвика револт кон Владата, па оттаму го повикаа
директорот прво да ги плати долговите за компанијата со која раководи, односно
парите што и ги дала ЕСМ за набавка на гас.Потоа Топлана север снема природен гас и сакаше да почне да работи
на мазут, но од надлежниот инспекторат тоа изрично го забранија, бидејќи тој
енергенс е исклучително голем загадувач на животната средина. Државата и предложи на Топланата договор
за деловно техничка соработка, што беше изгласано и на владина седница, а
проблемот со гасот се надмина. Сега сепак се решава дек е најдобро акциите да се продадат преку Берзата и да се има чиста сметка за ова претпријатие.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy