Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој се ќе го гланца МВР три години за 6 милиони евра?
Економија

Кој се ќе го гланца МВР три години за 6 милиони евра?

22/02/2024

AA

Четири скопски компании специјализирани за одржување хигиена го поделија тендерот за чистење на неколку илјади квадратри метри површини во дирекцијата на МВР како и во неговите три регионални центри во Скопје, СВР Скопје, посебна организациска единица на БЈБ и уште шест регионални центри во Македонија

Министерството за внатрешни работи (МВР) е најголемата организациска единица според број на вработени и локациска поставеност во конкуренција на сите други ресори на државната управа. Во него работат повеќе од 13.000 лица организирани во Министерство што има 11 регионални центри од кои 4 се во Скопје и уште 7 се ширум Македонија. МВР се грижи за јавната безбедност на сите граѓани, за редот и мирот во најширока смисла на зборот, но и за ред во целиот патен сообраќај во кој учествуваат повеќе од 700.000 регистрирани возила.

Додека МВР се грижи за да спиеме мирно и да се возиме безбедно некој мора и да се грижи за хигиената во сите објекти на најголемото македонско министерство кое опфаќа 11 регионални центри, дирекција во центарот на Скопје и у ште една посебна организациска единица на силите на МВР и на Бирото за јавна безбедност.

За одржување на хигиената МВР распиша тендер, а неодамна склучи и договори со четири компании специјализирани за одржување на хигиена. Тендерот вреден вкупно 6 милиони евра (со вклучен ДДВ) вклучува секојдневно, неделно, месечно и квартално чистење на регионалните центри во Скопје, Штип, Охрид, Тетово, Струмица, Битола и во Велес.

Според официјални податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки најголемо е учеството во тендерот на дирекцијата на Министерството за внатрешни работи. За негово чисење и одржување на хигиената за идните три години скопската фирма „Ланд Сервис треба да наплати до 2 милиони евра што претставува една третина од сите пари предвидени за чистење.

Речиси милион евра за три години за чистење на посебните организациски единици на МВР и БЈБ (бирото за јавна безбедност) треба да наплати „Ланд сервис“, поточно рамковната спогодба е склучена на износ до 975.000 евра.

„Ланд сервис“ го доби и тендерот за полицискиот регионален центар СВР Штип кој три години ќе го чисти за 481.000 евра. Истата компанија ќе ги чисти и просториите на скопскиот Регионален центар Исток за 120.000 евра за три години.

Според ова скопски „Ланд сервис“ од тендерот ќе добие до 3,62 милиони евра.

Компанијата „Серта“ од Скопје ќе ја одржува хигиената во скопските регионални центри „Запад“ и „Север“ за вкупен износ до 587.000 евра.

„Бапал“ ги доби тендерите за регионалните центри во Битола, Велес и во Струмица за вкупен износ до 1,015 милиони евра.

За чистотата во СВР Тетово и СВР Охрид ќе се грижи скопската компанија „Сити Аутсорсинг“ за вкупен износ кој според рамковната спогодба не може да надмине 818.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy