Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој беше Мирко Петровски?
Македонија

Кој беше Мирко Петровски?

06/03/2024

AA

Мирко Петровски беше познат македонски бодибилдер кој од 2003-та година ја поседуваше ИФББ ПРО лиценцата со која има право да учествува на професионални натпревари кои се од највисок ранг.

Тој беше единствениот професионален бодибилдер во Македонија, Мирко Петровски, кој го освои 11-то место, на светскиот натпревар по бодибилдинг „ЊуЈорк Про“, кој се одржа во Њујорк.

Тој беше добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг меѓу кои и Државната награда „8-ми Септември“ во 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

Mирко Петровски во 2014 година порано заврши со тренинзите поради повреда која го држеше далеку од теретаната.

Тогаш по спроведените медицински прегледи, заклучено беше дека станува збор за повреда со неколку испукани мускулни влакна.

„За среќа, главниот граден мускул не ми е повреден. Бев на снимање и се е во ред. Ќе паузирам 3 до 4 недели, а потоа се враќам назад во теретаната и ќе продолжам со подготовките“, ијави тогаш Мирко.

Мирко беше оженет и заедно со својата сопруга Светлана беа најпознатата фитнес двојка во Македонија. Од пред една година тој беше разведен, а Светлана продолжи да живее во Охрид. Имаат заеднички малолетен син, Јован.

 

Јавно беше блисок со функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а „славен“ стана откако во ковид кризата, имаше критики дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил во неговата теретана, спротивно на препораките на Комисијата за заразни болести.

„Почекав да помине лудилото што вчера го зафати дел од медиумскиот простор и во врска со написите со мојата теретана, кој е личен мој бизнис, што го работам со децении и преку кој егзистирам јас и моето семејство. Во тој контекст, сакам да го истакнам следното: со Христијан Мицкоски или, како што го нарекувам, профа се знаеме од мали нозе. И тоа пријателство никогаш не се поврзувало со политика, која мене не ме интересира. Тој, како и многу мои пријатели, вежба во мојата теретана, се до почетокот на заразата со корона, кога јас, како и многумина од оваа бранша, ставивме клуч на врата. Но, тоа не значи дека моите контакти престанаа. Мицкоски дојде во тетретаната да си ја земе опремата и да ја усогласиме програмата за исхрана и тренинг“, напиша тогаш Петровски на ФБ.

Мирко Петровски, во овој спорт се појавува уште од својата најрана возраст, па така го регистрираме како Шампион на Македонија во Јуниори, во категорија кај сениорите и како апослутен победник. На Балканско се има закитено со бронзен медал во силна конкуренција. 2003 година се здобива со статус IFBB PRO и се појавува на неколку професионални натпревари во Европа, Англија и Америка. Последен негов настап е на Diamond Cup Skopje 2019 година каде го освои 4-тото место во категорија Професионалци Ветерани. Послените години на сцена е како тренер на неколку македонски Шампиони, меѓу кои последните неколку години најактивни се Даница Кристенсен и Катерина Попева кои редовно се појавуваат и на меѓународната сцена.

Мирко беше дипломиран професор по физичка култура, специјализиран за спортски тренинг и исхрана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy