Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која македонска хемиска индустрија има уникатен рецепт? Прави  профит од 100.000 евра просечно месечно !
Економија

Која македонска хемиска индустрија има уникатен рецепт? Прави профит од 100.000 евра просечно месечно !

24/10/2024

AA

За третиот квартал добивката на „Адинг“ е 267.000 евра, а во споредба со периодот јануари-септември лани сега добивката е повисока за 21%

„Адинг“ ги израдува своите акционери. Добивката за првите девет месеци, според официјалните објавени финанансиски извештаи, изнесува 905.000 евра за првите девет месеци годинава.

Билансот на „Адинг“ покажува дека македонската хемиска индустрија специјализирана на адитиви во градежништвото годинава секој месец прави просечен профит од 100.000 евра.

Во споредба со истиот период лани добивката на „Адинг“ пораснала за 21 отсто односно за 157.000 евра.

Билансот покажува дека приходите на „Адинг“ за првите девет месеци достигнаа 6,68 милиони евра и се за 10 отсто повисоки од истиот период 2023 година. Во овој период на домашниот пазар „Адинг“ пласирал продукти вредни 3,75 милиони евра што е за 8 отсто повеќе од истиот период лани. Од извоз на своите хемиски градежни продукти „Адинг“ во овие девет месеци инкасирал речиси 3 милиони евра односно 12 отсто повеќе средства од истиот период претходната година.

Оперативните расходи на „Адинг“ годинава достигнале речиси 5,83 милиони евра и во споредба со претходната година се повисоки за 15 отсто. Најголема ставка, очекувано за производствена компанија, се трошоците за суровини и материјали кои изнесуваат 3,7 милиони евра. Втора по големина ставка, во структурата на оперативни расходи, се платите за вработените. За нив „Адинг“ за девет месеци исплатил нешто над 1 милион евра односно 14 отсто повеќе од лани. Од овој факт може да се заклучи дека „Адинг“ води грижа за мотивација и за високо ниво на лојалност на своите вработени.

Добивката пред оданочување е за 32 отсто повисока од лани и изнесува 908.000 евра. Финансиските приходи и расходи се занемарливи и не влијаат врз добивката на компанијата. 

Повеќе детали за работењето на „Адинг“ може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/ading-go-ima-receptot-kakvi-aditivi-dodade-za-da-ja-udvoi-dobivkata

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР распиша оглас за прием на 200 ученици во Средното

02/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Почна рушењето на „Тобако Али“

02/07/2026
Македонија

Труење со храна во „Микросам“: 41 вработен со симптоми, затворена

02/07/2026
Македонија

Без нови рудници нема кој да ги замени старите

02/07/2026
Македонија

УХМР предупредува: Утре повторно невреме со пороен дожд, грмежи и

02/07/2026
Македонија

Претреси во демирхисарско: Пронајдено оружје, приведени четири лица!

02/07/2026
Македонија

Куче нападнало 11-годишно дете во Сараќино

02/07/2026
Македонија

Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Утврдени слабости

02/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44108
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР распиша оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

02/07/2026

Министерството за внатрешни работи распиша јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“, кое

Ѓорѓиевски: Почна рушењето на „Тобако Али“

02/07/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на својот профил на Фејсбук информираше дека започнало уривањето на објектот познат

Труење со храна во „Микросам“: 41 вработен со симптоми, затворена кујната на кетеринг компанијата

02/07/2026

Надлежните институции истражуваат случај на масовно труење со храна во прилепската компанија „Микросам“, откако десетици вработени пријавиле здравствени тегоби по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy