Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС ЌЕ НЀ ДЕЛЕЛ Кој е Австриецот што провоцира со идеја за федерална Македонија со 8 покраини?
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС ЌЕ НЀ ДЕЛЕЛ Кој е Австриецот што провоцира со идеја за федерална Македонија со 8 покраини?

02/10/2026

AA

Австрискиот економист и политички активист Гинтер Фелингер-Јан, кој пред една година предизвика скандал со повик Индија да се „растури“ на повеќе држави, сега има план и за Македонија. Тој предлага земјата да се претвори во федерација по австриски модел со осум покраини, секоја со свој парламент, влада и гувернер. Предлогот за кој пишува порталот Експрес е автентичен, но проверката на фактите што ја спроведе Плусинфо покажува дека не станува збор за иницијатива на австриската влада, на Европската Унија или на НАТО, туку за лична политичка иницијатива на Фелингер-Јан.

Според планот што го објави на платформата Икс, осумте покраини би биле Скопје, Полог, Североисток, Запад, Вардар, Исток, Југозапад/Охрид и Пелагонија/Битола. Тие би добиле надлежности во образованието, културата, инфраструктурата, регионалниот развој и локалната економија, додека федералната власт би ги задржала одбраната, надворешната политика, макроекономската политика и националните стандарди. Фелингер предвидува до 2029 година Македонија да стане членка на ЕУ, Шенген и ОЕЦД и да го воведе еврото.

Во 2021 година бил во Комитетот за одобрување инвестиции на државниот Фонд за иновации и технолошки развој

Проверката на фактите покажува дека Фелингер, всушност, не е непознат човек во Македонија. Во февруари 2021 година, во време на владата на Зоран Заев, австрискиот економист и лобист е именуван за член на Комитетот за одобрување инвестиции на државниот Фонд за иновации и технолошки развој. Не станувало збор за протоколарна функција – комитетот ја правел финалната селекција на проектите што конкурирале за државна финансиска поддршка. Фелингер останал во Комитетот и по заминувањето на Заев од премиерската функција, сè до 2024 година, кога со решение објавено во „Службен весник“ бил разрешен поради истек на мандатот.

Името на организацијата што ја предводи – „Austrian Committee for NATO Enlargement“, односно Австриски комитет за проширување на НАТО – може да создаде впечаток дека станува збор за структура поврзана со Алијансата. Не е така. Австрија не е членка на НАТО, туку партнер на Алијансата, а комитетот на Фелингер е приватна организација. Кога американски и други медиуми во јануари годинава го претставија како „функционер на НАТО“, австриското Министерство за надворешни работи мораше да разјасни дека Фелингер не ја претставува Австрија. И самиот Фелингер призна дека медиумското претставување како „NATO official“ било погрешно.

Фелингер сепак не е човек без професионална биографија. Тој е економист и консултант, работел во Брисел и бил генерален секретар на „SME Union“, организација поврзана со Европската народна партија, а со години се занимава со економски реформи и земјите од Централна и Источна Европа. Денес главно настапува како активист за проширување на НАТО, за напуштање на австриската неутралност и за побрзо интегрирање на Украина и Западен Балкан во евроатлантските структури. Најави и дека има намера да се кандидира за претседател на Австрија на изборите во 2028 година, но тоа е негова лична најава, а не кандидатура на некоја од главните австриски партии.

Идејата за поделба на Индија беше жестока провокација

Неговиот рецепт за Македонија не е првиот случај во кој Фелингер предлага прекројување на некоја суверена држава. Во септември 2025 година тој предизвика бурни реакции во Индија со повик земјата да се „растури” и со карта на која беше прикажана нејзина поделба. Индиските власти побараа од платформата Икс да го блокира неговиот профил за корисниците во Индија, што беше и направено. Повод беа неговите напади врз премиерот Нарендра Моди по неговата средба со Владимир Путин и Си Џинпинг и поддршката што Фелингер ја изрази за сепаратистичкото движење Халистан.

Интересно е што тогаш и во Индија се појави истата дилема како сега во Македонија – кој е всушност човекот што предлага прекројување на државата и кого претставува? Висок извор од индиското Министерство за надворешни работи за „NDTV“ изјави дека Фелингер нема официјална функција и дека нема причина неговите изјави да се третираат како став на австриската држава. Независна проверка на неговиот статус исто така утврди дека тој не е функционер на НАТО, туку активист кој води организација што се залага за проширување на Алијансата.

Ваков провокатор одлучувал кој ќе добие пари од ФИТР?!

Што правел Фелингер во 2021 година, кога бил избран за член на Комитетот за одобрување инвестиции на тогашниот Фонд за иновации и технолошки развој – ФИТР?

Официјалната страница на Фондот го наведува меѓу петтемина меѓународни експерти кои ги оценувале проектите и учествувале во одлучувањето кои компании ќе добијат финансиска поддршка. На прес-конференција на ФИТР Фелингер лично објаснувал дека при одлучувањето се оценувале технолошкиот развој, економското влијание, новите работни места и извозниот потенцијал на проектите.

Неговата улога не била симболична. Комитетот ја правел финалната селекција на проектите по претходната стручна оценка, а ФИТР во декември 2021 година го навел Фелингер по име меѓу членовите што носеле одлуки. Податоци од 2023 година повторно го наведуваат како член на Комитетот, заедно со Марвин Лиао, Дон Луис, Ашер Сидики и Инес Капс. На својата сегашна интернет-страница самиот Фелингер тврди дека е член на „комитет за распределба на инвестиции“ во Скопје од 2021 година до денес.

Но, се чини дека тврдењето на Фелингер дека функцијата му трае и во 2026 година е лажно. За тоа нема актуелна официјална потврда од македонска институција.

Фелингер во меѓувреме изгради препознатлив јавен профил со остри геополитички пораки. Освен поделбата на Индија, тој годинава предизвика внимание и со изјавата дека, доколку САД го анектираат Гренланд, Европа треба да ги преземе американските воени бази на европска територија. Токму по таа изјава дел од странските медиуми погрешно го прогласија за функционер на НАТО, по што следуваше демантот од австриското МНР. Неговата организација денес и самата на својата страница ја наведува таа медиумска забуна.

 

MY AUSTRIAN-STYLE OFFER FOR A FEDERAL MACEDONIA 🇲🇰🇦🇹🇪🇺
I propose a federal Macedonia built on the Austrian model: 8 strong Länder instead of excessive centralisation in Skopje.
Each region should have its own Landtag, regional government and governor, with clearly defined… pic.twitter.com/QtJ6JxHRG9

— Gunther Fehlinger-Jahn (@GunterFehlinger) September 30, 2026

.


Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45948
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000 ЕВРА „Недопирливите“ од Прилеп продолжуваат

02/10/2026

Над 50.000 евра се пронајдени во банкарски сеф при дополнителен претрес во Прилеп, со што бројот на претресени локации во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy