Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕТ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ВЛЕГУВААТ ВО АКВИЗИЦИЈА НА ЧЕШКА КОМПАНИЈА – работат компјутерско програмирање и игри на среќа и коцкање
Економија

ПЕТ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ВЛЕГУВААТ ВО АКВИЗИЦИЈА НА ЧЕШКА КОМПАНИЈА – работат компјутерско програмирање и игри на среќа и коцкање

24/10/2024

AA

Пет македонски компании од делот на информациските системи,
комјутерското програмирање и организирањето игри на среќа, ќе влезат во
аквизиција на друга чешка компанија.

Оваа информација македонската јавност ја дознава преку нашата Комисија за
заштита на конкуренцијата, до која стигнаа информациите за една зделка што
треба да се случи во Чешка, меѓу две компании од таа држава, а која е поврзана
со нашите четири фирми.

Првата компанија е од Прага, додека втората е од Острава, трет град по
големина во Чешка. Или, до Комисијата за заштита на конкуренцијата е
доствено известување за концентрација со која Арицома со седиште во Прага, има намера да стекне целосна контрола врз ТаксЛабс од Острава, исто така Република Чешка.

Како што наведуваат од Комисијата, Арицома а.с. е холдинг
компанија која управува со удели во своите ќерки фирми, и тоа Арицома Системс, Сабрис Консалтинг, како и Арицома Ентерпрајс Сајберсекјурити.

Арицома Системс, пак, се фокусира на имплементација на проекти
на големи претпријатија и големи клиенти, имплементација и поддршка на
деловните информациски системи на Microsoft Dynamics, а обезбедува и ИТ инфраструктура, корпоративни апликации,
поддршка за деловни процеси, грижа за корисници и ИТ безбедност. Сабрис
Консалтинг се фокусира на САП експертиза, бизнис решенија и поврзани услуги. И на крајот, третата компанија во
холдингот,
Арицома Ентерпрајс Сабејсекјурити, обезбедува безбедносни технологии,
безбедносна проценка, услуги за сајбер одбрана и советодавни услуги за
GDPR/усогласеност.

Арицома, пак, припаѓа на ККЦГ Групацијата. Таа Групација инвестира во различни деловни
области, вклучувајќи лотарии и игри на среќа, енергетика, недвижности и
информатички технологии.

Она што за нас е битно, е дека во земјава ККЦГ Групацијата е
присутна на пазарот за работење со терминали за видео лотарија и информатички
технологии, а присутна е преку
неколку друштва.

Едно од нив е друштвото за приредување игри на среќа Касинос Австрија Интернационал Македонија од Скопје,  ДОО
Скопје, чија приоритетна
дејност е коцкање и обложување. Потоа, друштвото за приредување на
игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, со приоритетна
дејност, исто така коцкање
и обложување. Во рамките на таа
групација е и Киншифт ДООЕЛ Скопје, порано со назив Сеавус ДООЕЛ Скопје, чија приоритетна дејност е компјутерско програмирање, а влегува и Друштвото за компјутерско образование и развој на
иновации Киншифт Академи ДООЕЛ Скопје, порано со назив Сеавус едукативен центар
и развој ДООЕЛ Скопје, а чија приоритетна
дејност е друго
образование неспомнато на друго место. И, во рамките на ККЦГ Групацијата спаѓа и друштвото за производство, трговија и услуги Мусала
Софт ДООЕЛ Скопје, чија приоритетна
дејност е
компјутерско програмирање.

Трансакцијата е во врска со
стекнување на целосна контрола од Арицома врз ТаксЛабс со седиште воЧешка, чија приоритетна дејност е развој, имплементација и одржување на информациски
системи. По пат на предложената
трансакција Групацијата ККЦГ ќе се стекне со целосна индиректна контрола врз
ТаксЛабс,
преку поврзаното лице Арицома, се
вели во објавата од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Подносителот
на известувањето смета дека како релевантен пазар за предметната концентрација
би можел да се дефинира пазарот на услуги од информатичка технологија – ИТ во Република Северна Македонија. Врз
основа на прелиминарното испитување,
Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите
на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање
е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават
забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата“, потенцираат.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без нови рудници нема кој да ги замени старите

02/07/2026
Македонија

УХМР предупредува: Утре повторно невреме со пороен дожд, грмежи и

02/07/2026
Македонија

Претреси во демирхисарско: Пронајдено оружје, приведени четири лица!

02/07/2026
Македонија

Куче нападнало 11-годишно дете во Сараќино

02/07/2026
Македонија

Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Утврдени слабости

02/07/2026
Македонија

Во Полициска станица извршен разговор со две малолетнички и нивни

02/07/2026
Македонија

Тешка сообраќајка кај „Св. Еразмо“: Автомобил удри во електричен столб,

02/07/2026
Македонија

Венко Филипче: Ќе го номинирам Горан Герасимовски за потпретседател на

02/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44105
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Без нови рудници нема кој да ги замени старите

02/07/2026

Падот на производството и намалувањето на бројот на рудари се уште еден сигнал дека македонското рударство има потреба од нов

УХМР предупредува: Утре повторно невреме со пороен дожд, грмежи и град

02/07/2026

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен

Претреси во демирхисарско: Пронајдено оружје, приведени четири лица!

02/07/2026

На 01.07.2026 во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy