Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е ОДНАПРЕД ДОНЕСЕНА Адвокатката на Јованов е вознемирена, но не е изненадена
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е ОДНАПРЕД ДОНЕСЕНА Адвокатката на Јованов е вознемирена, но не е изненадена

02/10/2026

AA

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на дскотеката „Пулс“, Дејан Јованов  Деко, реагираше на новата истрага за поткуп и повторното определување притвор за нејзиниот клиент. Таа оцени дека одлуката на Обвинителството за нова истрага била однапред подготвена.

Коцевска рече дека не е изненадена, но е вознемирена од тоа што новата истрага е отворена непосредно пред истекот на законскиот рок во кој Јованов можеше да остане во притвор.

– Не сум изненадена, но сум вознемирена. Сметам дека ова е конструкција на Обвинителството, а одлуката за притвор, според мене, е однапред донесена – изјави Коцевска.

Законскиот рок за притворот на Јованов по обвинението за пожарот во „Пулс“ истекува утре, по што тој требаше да биде пуштен. Но, со отворањето на новата истрага, овој пат за поткуп, тој доби нов притвор.

Новата истрага е за сомневања дека Јованов дал поткуп на вработен во Министерството за економија со цел да добие лиценца за работа, иако, според ОЈО ГОКК, бил свесен дека објектот „Пулс“ не ги исполнува законските услови.

Адвокатката смета дека прашањата поврзани со лиценцата и со исполнувањето на условите во објектот веќе се предмет на разгледување во постапката поврзана со пожарот во кочанската дискотека.

– Овие наводи веќе се дел од расправата во предметот за трагедијата во „Пулс“. Сметам дека под притисок на јавноста се отвора нова истрага, која претставува конструкција и измислица – рече Коцевска.

Јованов денеска доби нов 30-дневен притвор, а утре треба да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка.

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди притвор од 30 дена во новата истрага за поткуп

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy