Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиника Жан Митрев како оштетена страна ќе се приклучи кон обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ
Македонија

Клиника Жан Митрев како оштетена страна ќе се приклучи кон обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ

11/02/2023

AA

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.

Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на ЈО кои ја водат постапката против нас.


Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.

Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци.


Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија.

 


Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.

Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот.

Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
Македонија

Пожарот кај Чаниште и натаму активен, Ангелов: Селата засега не

19/08/2026
Македонија

Расчистени две измами во Охрид и Струга, двајца велешани осомничени

19/08/2026
Македонија

Авионска дезинсекција против комарци од утре, терестична од недела

19/08/2026
Македонија

Нови препораки за водоснабдувањето во Гостивар: Поголем надзор, контрола на

19/08/2026
Македонија

Запленети повеќе од 1,3 килограми златен накит од златарница во

19/08/2026
Македонија

Пациент од Охрид со владиниот авион итно пренесен во Берлин,

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45117
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026

Бројот на заболени од западнонилска треска во земјава продолжува да расте, а досега се регистрирани и четири смртни случаи. Според

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

19/08/2026

Осумгодишно дете од велебрдско било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје откако се здобило со повреди на раката

Пожарот кај Чаниште и натаму активен, Ангелов: Селата засега не се загрозени

19/08/2026

Пожарот кај прилепското село Чаниште, во Мариово, и натаму е активен, но во моментов не претставува директна опасност за населените

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy