Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кина го „удри“ Гугл: Покрената истрага за кршење на правилата на игра
Македонија

Кина го „удри“ Гугл: Покрената истрага за кршење на правилата на игра

05/02/2025

AA

Кина започна истрага против Google за наводно прекршување на антимонополските закони, во услови на ескалација на трговските и политичките тензии со САД.

Според официјалното соопштение на кинеската управа за регулирање на пазарот, истрагата се покренува поради можна монополизација на пазарот за пребарување и другите дигитални услуги во земјата, што предизвикува сомнеж за почитување на пазарните правила и фер конкуренција.

Овој потег, всушност, е само последниот чекор од серијата економски контрамерки што Кина ги користи за да се спротивстави на трговските одлуки на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на почетокот на оваа година воведе зголемени царини за кинеските производи.

Кинеските власти, кои неодамна ја претставија новата рунда зголемување на царините, најавија дека од 10 февруари ќе применуваат царина од 15% на американскиот увоз на јаглен и течен природен гас, додека увозните царини за американска сурова нафта, земјоделска опрема и одредени видови автомобили и камиони ќе се зголемат за дополнителни 10%. Овој потег предизвика нови тензии меѓу двете најголеми светски економии, но дополнително укажа на стратешкото значење на дигиталните пазари во глобалните трговски преговори.

Истрагата против Google во глобален контекст

Додека Кина повикува на заштита на домашниот пазар и борба против монополите, Google не е единствениот технолошки гигант кој се соочува со сè построги регулативи во различни делови на светот. Во САД, Европската унија и Обединетото Кралство, Google веќе се соочува со антимонополски истраги и значителни казни.

Овој глобален притисок врз компанија која доминира во пребарувањето на Интернет, рекламирањето и другите услуги јасно покажува дека технолошкиот сектор ќе биде во фокусот на меѓународните регулатори уште долго време.

Долгорочни последици за Google?

Едвард Еванс-Причард, економист од Kapital Economics, смета дека оваа истрага во Кина би можела да помине без сериозни последици за Google, барем на краток рок. Сепак, тој предупредува дека, во зависност од исходот, може да биде преседан за слични акции во други земји. Бидејќи Google веќе го носи товарот од слични регулаторни напори во Европа и САД, потегот на Кина претставува дополнителен удар што може сериозно да го промени начинот на кој работат големите технолошки компании во глобалната економија.

Кина, која во последните години ги интензивираше напорите да го заштити својот пазар и да ги поддржи домашните технолошки гиганти како Baidu, Alibaba и Tencent, испраќа јасен сигнал дека нема да толерира доминација на странски компании на нејзината територија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРИЈА ДА СЕ ВРАТАТ

22/04/2026
Македонија

ОТВОРЕНО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ Скопје домаќин на

22/04/2026
Македонија

ИДНИОТ РУДНИК ЗА АНТИМОН ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И РАЗВОЈ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ТРЕТ ВО НИЗАТА ВО СДСМ ШТО ИЗВРШУВА ПРЕДАВСТВО

21/04/2026
Македонија

„МИЛЕ, ЗЛАТО СИ, ЧЕСТАМ РУЧЕК“, „ПОЛОЖЕН ТИ Е СО 93,33“

21/04/2026
Македонија

НЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК НЕКОЈ СО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Во

21/04/2026
Македонија

Величковски: Ветинг мора да има!

21/04/2026
Македонија

Величковски: Лицата на „црна листа“ живеат слободно во Македонија

21/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42741
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy