Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Камчев на „црна листа“ – санкциите влијаат и на оние кои имаат бизниси со него
Македонија

Камчев на „црна листа“ – санкциите влијаат и на оние кои имаат бизниси со него

19/07/2023

AA

Бизнисменот Орце Камчев заврши на „црната листа“ на САД.

Според „Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) , Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, рече Брајан Нелсон, потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во  Министерството за финансии на САД.

Тој нагласи дека „министерството останува посветено на повикување на одговорност на сторителите на корупција“.

Во официјалното соопштение американското Министерство го наведува и кривичното досие на Камчев кое според САД трае од почетокот на милениумот. Бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев (Камчев) интензивно се занимава со корупција, вклучително и злоупотреба на службената положба, перење пари и други прекршоци повеќе од една деценија, почнувајќи од раните 2000-ти години, наведено е во официјалното известување.

-Во 2022-ра година, Камчев беше осуден во судскиот процес „Парцели на Водно“ за учество во шема за перење пари поврзана со незаконско купување земјиште. Во одвоено судење, Камчев се изјасни за виновен за тешка злоупотреба на службената положба во „Случајот Империја“, во кој беше осомничен за злосторничко здружување, измама, перење пари и други кривични дела поврзани со неговите бизниси, стои во соопштението на американското министерство за финансии.САД не го „забораваат“ ниту неговото учество во случајот Рекет. Камчев од Вашингтон е посочен за тоа што „после скандалот СЈО пропадна. Како резултат на тоа, многу случаи на корупција на високо ниво кои СЈО ги истражуваше, остануваат нерешени и стагнираат,  (а на тој начин) се одложува одговорноста за многу поединци кои се занимавале со корупција слична на Камчев“, се вели во твитот на  амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

Таа додава дека овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него.

„САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои што го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици“. – наведе Амбасадорката Анџела Агелер во својата реакција откако САД на црната листа стави уште едно познато лице, овојпат од бизнисот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy