Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО „КРАТОВЧАНИТЕ“ НАБИЛДАА ДОБИВКА ПОВИСОКА ЗА 700 ПРОЦЕНТИ – „Силекс“ ги даде бројките, ама не и образложението
Економија

КАКО „КРАТОВЧАНИТЕ“ НАБИЛДАА ДОБИВКА ПОВИСОКА ЗА 700 ПРОЦЕНТИ – „Силекс“ ги даде бројките, ама не и образложението

27/10/2023

AA

Тоа
дека кратовски „Силекс“ за првите девет месеци од годинава има добивка од над 40
илјади евра и не е некоја вест, но навистина е интересен фактот што неговиот
профит е зголемен за осум пати во однос на истиот период лани, или за цели 713
проценти!

За сите девет месеци од минатата година овој комбинат, чија основна
дејност е вадење на руди и камен, остварил ситна добивка од едвај пет илјади
евра, покажуваат податоците од финансиските извештаи, но затоа годинава профитабилноста се искачила на 40 и пол илјади евра.

Што
толку многу ја зголемило добивката на „Силекс“, од компанијата не даваат
посебно образложение, па затоа одговорот ќе се обидеме да го дадеме ако го
разгледаме нивниот консолидиран Биланс на успех.

Па
така, треба да се има предвид дека оперативните приходи на компанијата во
анализираниот период се искачиле на 387 илјади евра, откако во истиот тајминг
лани тие изнесувале само 29 илјади евра, или кај нив зголемувањето е за 1.231
отсто, што е фантастичен скок на приходите од редовното работење на компанијата.

Повеќе
од половината од оперативните приходи се всушност приходи од продажба, и тоа
само приходи од продажба на домашниот пазар, кои се остварени на сума од 241
илјади евра, наспроти 16 илјади евра во истиот период од минатата година, и кај
нив има уште поголем раст, од фантастични 1.402 проценти.

Но, не
пораснале значајно само приходите од продажбата, туку и останатите оперативни
приходи, ставка од која компанијата инкасирала повеќе од 146 илјади евра,
наспроти 24 илјади евра во истиот период лани, што значи дека има пораст на
овие приходи од дури 1.021 проценти.

Но,
ако има огромен пораст на приходите, има и огромен пораст на расходната страна.
Па така, „Силекс“ забележал во првите девет месеци од годинава оперативни
расходи од 347 илјади евра, што е заголемување за цели 1.338 отсто.

Кога
станува зборза расходите, има пораст единствено кај услугите со карактер на
материјални трошоци, за што се потрошени само околу четири илјади евра, а треба
да се има предвид дека такви трошоци во минатата година воопшто немало.

Додека,
пак, всушност главниот дел на расходната страна го прави ставката останати
расходи од работењето, каде се регистрирани 343 илјади евра, наспроти 24 илјади
евра во истиот период лани, или зголемувањето е 1.322 проценти.

Компанијата
годинава, како и лани, немала ниту финансиски приходи, ниту финансиски расходи.

Па
така, нејзината нето добивка или добивка по оданочувањето достигнала 40,5
илјади евра, што е раст за 713 проценти во однос на истиот период од минатата
година.

Како што објави Фактор во јуни годинава според податоци од Централниот регистар, Силекс Неметали СТ тогаш била продадена на турски инвеститор. Холдингот Бахаш го превзел сопствеништвото на градежната компанија
од досегашниот сопственик – АД рударско индустриски комбинат Силекс, а
наместо досегашниот
директор Васил Ристовски, со компанијата управува турскиот државјанин Кенан
Кол. Турскиот холдинг има над 15.000 вработени и поврзан е со 29 земји.
Најмногу го покрива производството и градежништвото. 
Силекс Неметали СТ заедно со Силпен СТ, и двете во досегашна
сопственост на АД Силекс, се најголемите кратовски фирми. 

Силекс Неметали СТ од 2019 со низа милионски трансакции од
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна да го
наплаќа рекордниот договор од 30,5 милиони евра за изградба на браната „Речани“
што беше постигнат на два дена пред парламентарните избори 2016. Рокот за изградба на
браната, според договорот е пет години, а неговата ефективност, според
претходно објаснување од Министерството за земјоделство, започнува со датумот
на воведување на работа на операторот, односно од мај 2019. Рокот завршува во
текот на 2024 година, а досега е завршена само една третина од работата. 

Инаку, според последната состојба од Централниот депозитар за хартии од вредност, доминатни сопственици на „Силекс“ се Горан Ивановски, кој поседува 36,66 отсто од акциите на рударско-енергетскиот комбинат, како и Розета Димитровска, која поседува 27,19 отсто од акциите.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира

09/02/2026
Македонија

Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди

09/02/2026
Македонија

Доживотен затвор за штипјанецот кој си ја уби сопствената мајка

09/02/2026
Македонија

Двајца 14-годишници повредени во несреќа со четирицикл кај Зајас

09/02/2026
Македонија

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за

09/02/2026
Македонија

НЕОДРЖЛИВАТА СТРАТЕГИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДВОЈНО ВИКТИМИЗИРА До

09/02/2026
Македонија

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае

09/02/2026
Македонија

Осум дена притвор за маж од ресенско поради измами со

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41236
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира да не се злоупотребува поединечен

09/02/2026

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека

Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди низ Битола!

09/02/2026

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ до ОЈО Битола поднесе кривична пријава

Доживотен затвор за штипјанецот кој си ја уби сопствената мајка

09/02/2026

Основниот суд во Штип изрече казна доживотен затвор за 54-годишниот Стојанче Зарков, обвинет за свирепото убиство на неговата 84-годишна мајка.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy