Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАДЕ БЕШЕ СДСМ ДЕНЕСКА ДА ПОСТАВУВА ПРАШАЊА ВО СОБРАНИЕТО? Ги има само кога шират лаги за мигранти и за предвремени избори
Македонија

КАДЕ БЕШЕ СДСМ ДЕНЕСКА ДА ПОСТАВУВА ПРАШАЊА ВО СОБРАНИЕТО? Ги има само кога шират лаги за мигранти и за предвремени избори

25/12/2025

AA

Првиот човек на Владата притоа посочи и на празната сала во делот каде што треба да седи опозицијата, во која немаше пратеници, нагласувајќи дека ова е ден, седница за поставување на пратенички прашања, ден кога опозицијата треба да ја прашува Владата, а пратениците кои ги чинат граѓаните меѓу две и три илјади евра месечно, пратениците од опозицијата ги нема.

– Ова е сликата на македонската опозиција денеска. Да видат граѓаните кој пледира да биде влада во Македонија.

Мицкоски посочи дека и покрај стравувањето на СДСМ од предвремени избори, како одговорна Влада и мнозинство во Собранието, избори напролет нема да има, бидејќи следната година е полна со предизвици кои треба да се решаваат.

На темата „мигранти” Мицкоски ја поздрави Резолуцијата донесена во македонското Собрание.

– Со тоа јасно и недвосмислено се става крај на оваа измислена тема мигранти, ги потврдува политиките на владата, а политиките на владата ги потврдија граѓаните на локалните избори коишто се случија пред неколку недели. Оваа влада како ретко која влада од независноста до денес, има обврска да ги штити интересите на граѓаните бидејќи има во историска смисла најголема доверба. И затоа мораме да се однесуваме одговорно колку и да имаме работа со неодговорна опозиција – рече Мицкоски.

Мицкоски ја искоментира и претставката пред Уставниот суд за усвоената Резолуција во Собранието поднесена од СДСМ, нарекувајќи го како „чудно” и невидено во светот, бидејќи не станува збор за закон или подзаконски акт, туку за Резолуција.

-Мислам дека местото не е таму. Местото е тука, во Парламентот. Тука се прави таа дебата, тука се бранат аргументите, тука граѓаните следат, но овие места на опозицијата се празни. И затоа кога утре ќе зборат за интересите на граѓаните, за стандардот на граѓаните, за подобра држава, граѓаните треба само оваа слика да ја видат, денес на пратенички прашања. Ова е сликата на опозицијата во македонското собрание – одговори премиерот на прашање за темата за мигранти.

Притоа Мицкоси уште еднаш повтори дека мигрантски кампови = нема да има.

– Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа.

Премиерот вели дека многу пати Владата соопштила дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога било разговарано воопшто на оваа тема во процесот за постигнување на договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство.

Мицкоски ја оценува темата за наводни мигрантски кампови како кампања за невистина на опозицијата за растурање на пердуви со цел да се тргне вниманието од внатрепартиските случувања во СДСМ, изборот на новиот состав на нивниот партиски Извршен Одбор.

– Тоа е филозофијата и пи-ар трикот што мислат дека ќе го направат. Мислам дека тоа не е игра на краток рок, туку игра на уназадување. Ако некој пледира да биде сериозна политичка опција, тогаш треба да има и сериозни позиции, а ова не се сериозни позиции, туку политички гимнастики кои немаат апсолутно никаква врска… Еве ќе дојдат и март и април, мигранти ќе нема, ќе дојде и јуни пак ќе нема мигранти, и тогаш што ќе се прави? На следните избори наместо 18, ќе имаат 12 пратеници – заклучува премиерот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy