Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРИПАТИ ЌЕ БИДЕ ПРОШИРЕНА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НA ЛЕКОВИ ВО 2026 ГОДИНА Фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања
Македонија

ТРИПАТИ ЌЕ БИДЕ ПРОШИРЕНА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НA ЛЕКОВИ ВО 2026 ГОДИНА Фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања

25/12/2025

AA

Трипати ќе биде проширена позитивната листа на лекови во 2026 година, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека според нивна проценка, има голема потценетост на кардиоваскуларните заболувања од кои е најголема смртноста.

Во врска со проширувањето на позитивнита листа лекови, Клековски им се извини на граѓаните што и покрај тоа што беше најавено дека до пред Нова година лекот против згрутчување на крвта „еноксапарин“, еден од двата лека популарно познати како „клексан“, ќе го има во аптеките, тоа нема да се случи. Одложувањето е поради технички причини и затоа во јануари заедно во аптектите ќе бидат достапни и „еноксапарин“ и „надропарин“.

– Да им се извинам на граѓаните. Најавивме дека два антикоагуланси дека ќе бидат додадени на листата овој месец, но заради технички проблеми тоа се одложува за јануари 2026 година. Нема да има последици за тие кои ги користат овој месец, ќе бидат рефундирани средствата за овие лекови се додека не бидат ставени на позитивната листа. Потоа планираме таблетарен антикоагулант да внесеме на позитивната листа и овој дел на антикоагуланси да го осовремениме како што доликува на нашата земја. И тоа очекувам да биде во првите четири месеци од 2026 година. Комисијата за позитивната листа работи и веќе има одобрено низа лекови, меѓутоа ние сакаме да ги видиме и финансиските можности и нивното воведување да биде постепено во текот на годината – рече Клековски.

Во врска со проширувањето на листата истакна дека за 15 години имало еден лек додаден на листата, а сега за 15 месеци се додадени 13 лека, а тоа довело до зголемување на буџетот за позитивната листа за пет милиони евра, но тоа не се конечни бројки, бидејќи не е завршена годината.

– Сакаме да обезбедиме да се зголеми контролата на позитивната листа за да имаме право да преговараме за цената за да ги заштитиме осигурениците од доплати и да продолжиме понатаму – додаде Клековски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
Македонија

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45275
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да застанете на 10 минути само

26/08/2026

Од 1 септември стапуваат на сила нови правила за сообраќај и паркирање на пристапната улица пред терминалната зграда на Меѓународниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy