Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ИЗВОЗОТ НИ Е ЕДИНСТВЕНАТА ШАНСА“: бизнисот бара поддршка за напредок, премиерот не ветува чуда, но најави добра логистика за економијата
Економија

„ИЗВОЗОТ НИ Е ЕДИНСТВЕНАТА ШАНСА“: бизнисот бара поддршка за напредок, премиерот не ветува чуда, но најави добра логистика за економијата

31/01/2025

AA

Македонскиот извоз се соочува со сериозни проблеми. За негово зголемување, покрај инвестициите во нови производни погони што ќе се реализираат со заемот од Унгарија, неопходни се и реформи во јавната администрација. 

На компаниите им треба побрзо издавање градежни дозволи, побрз урбанизам, побрзо конектирање кон инфраструктурни приклучоци, гас, струја. За дел од инвестициите мора да се ангажираат странски експерти па клучна е и визната политика, работните дозволи. Ова се дел од пораките кои бизнисмените му ги испратија на премиерот Христијан Мицкоски.

Како што беше истакнато денеска во Стопанската комора, растот на извозот изминатите 10-15 години што се движи меѓу 7 и 10 проценти, не придонесе за позначително зголемување на БДП и на економијата, а една од клучните причина за тоа е ниската додадена вредност.

Според претседателот на Комората Бранко Азески, македонските производи треба да стигнат до сите земји во светот, тоа треба да биде целта. Извозот е единствената шанса за македонската економија и преку него треба да се создаде додадена вредност. 

Премиерот Мицкоски го повтори ставот дека Владата останува партнер на бизнисот. Останува поддршката за странските инвеститори, но и за домашните компании, а целта е што повеќе вработени, давање повисока плата, инвестиции, луѓето да останат дома. Многу е важна, дополни Мицкоски, и соработката со регионот. Притоа, мора да се размислува за заеднички настап на трети пазари. Како што подвлече Мицкоски, Владата не може да вети чуда, но може да биде добра логистика на економијата и извозните компании.

– Зборувам многу едноставно и јасно, извозот ни е единствената шанса. Преку него треба да се создаде додадена вредност, а таа ќе се создаде ако се зголеми продуктивноста, што, пак, ќе се постигне ако сите партиципираме во тој процес со совесно и одговорно однесување. Мислам дека сме на добар пат да креираме платформа зашто поволните прилики кои ги создававме долго време сега доаѓаат во прав момент, во една неизвесна ситуација што е пред нас со оглед на политичките и геостратегиските промени, да видиме како би се снашле во таква ситуација – рече Азески пред промоцијата на Клубот на извозници и на Институтот за извоз.

Според него, земјава има солидни фирми, компании и кадар, пари се секогаш малку но веќе од утре или од денеска ќе може да се користат средствата од унагарскиот кредит.

И Азески и премиерот сметаат дека јавно-приватниот дијалог е единствениот начин за решавање и надминување на сите проблеми. Во соработка со бизнисот мора да се креираат приоритетите, но тоа не смее да остане само веување, туку мора да има и реална, остварлива основа.

Мицкоски оцени дека Институтот за извоз е добра можност стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за поврзување, вмрежување и настап на нови пазари. 

– Како општество треба да почнеме да размислуваме за нова парадигма на однесување, различна од досегашната. Светот полека се менува, ако први не преземеме иницијатива да отвориме нови можности како стопанство, се плашам дека некои други ќе го пополнат просторот. Да се свртиме кон себе, да се обидеме едни на други да си бидеме поддршка, зашто се плашам дека ќе ја изгубиме првата можност, а нема втора можност за прв впечаток. Приоритет на македонската економија треба да и биде регионалното поврзување – нагласи премиерот.

Владата, додаде, секогаш била, и како опозиција, партнер на бизнисот.

– Така и ќе продолжиме. Мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да се надополнуваат. Само на тој начин можеме да бидеме и поконкурентни, добра е оваа можност што денеска најголемите регионални комори се тука, од регионот, заедно со нашата најголема комора. Ќе можат заеднички да дискутираат за иднината и за се што претставува план, регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари, бидејќи ценам дека полека, но сигурно ќе треба заедно да се вмрежуваме и заедно да настапуваме во намерата да бараме нови пазари – подвлече Мицкоски.

Во однос на странските директни инвестиции, посочи дека е постигнат одличен резултат, а очекува и годинава таквиот тренд да продолжи.

– Од бројките што ги имам на располагање, заклучно со ноември, имаме во 2024 година повеќе од една милијарда, мислам околу милијарда и четириесет милиона, што ако се преведе по глава на жител и процент од бруто домашниот производ е, за нас, најголемиот резултат, историски гледано. Очекувам тој тренд да продолжи и во оваа година, во 2025 година заедно со домашните инвеститори и очекувам тоа да биде драјвер за голем раст на македонската економија и бруто домашниот производ, нешто што ни е потребно насушно по неколку години стагнација или мачење во развојот. Како Влада сме целосно ориентирани на поддршка на директните вложувања на странски компании, но и на директна поддршка на македонските компании – рече премиерот.

Комората денеска организираше „Ден на извозот“. Ги промовираше Клубот на извозници кој брои над 200 членови и Инстиутот за извоз што треба да им обезбеди максимална поддршка на компаниите за зголемување на нивниот пласман надвор од државата.

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
Македонија

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку

02/09/2026
Македонија

Мицкоски: Бугарија да постапи соодветно и да ни го екстрадира

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45409
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и токсичниот сунѓер во кочанската дискотека

02/09/2026

Во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, одбраната вкрстено

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче

02/09/2026

Општина Прилеп за првпат обезбедува еднократна парична помош од 3.000 денари за сите ученици запишани во прво одделение во основните

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град во Кавадарци!

02/09/2026

Силно невреме го зафати Кавадарци, со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, информираат од Управата за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy