Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Извештајот за непотребните операции нема да биде јавно објавен поради заштита на пациентите
Македонија

Извештајот за непотребните операции нема да биде јавно објавен поради заштита на пациентите

15/05/2026

AA

Министерот за здравство, Азир Алиу појасни дека целосниот извештај од странската експертска комисија, кој потврди сомнежи за непотребни операции во девет случаи, нема да биде достапен за јавноста.

Причината за ваквата одлука е заштитата на приватноста и медицинските податоци на третираните пациенти.

Министерот потенцираше дека извештајот содржи премногу сензитивни детали кои подлежат на Законот за заштита на личните податоци.

Според Алиу, во вакви специфични случаи не е доволно само да се сокријат имињата. Комбинацијата од дијагнози, датуми на интервенција и специфични клинички текови може лесно да открие за кои пациенти станува збор.

Одлуката е донесена согласно член 25 од Законот за заштита на правата на пациентите, кој гарантира тајност на медицинската документација.

Странската комисија изврши независен увид на 13 претходно издвоени предмети. Резултатите покажуваат дека кај 9 пациенти постојат сериозни сомнежи за несоодветни дијагностички евалуации и индикации за хируршки процедури.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
Македонија

Дедо од тетовско со дрвен предмет си го истепал малолетниот

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45331
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв се враќало кај мајката

29/08/2026

На 28.08.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(43) од Скопје пријави дека подолг временски период, неговиот малолетен син манифестирал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy