Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева: Нема потреба од предвремени избори, СДСМ ги очекува уште посериозен пораз од тој пред 2 години!
Македонија

Митева: Нема потреба од предвремени избори, СДСМ ги очекува уште посериозен пораз од тој пред 2 години!

16/05/2026

AA

И покрај високата доверба што, според анкетите, ја ужива владејачката партија, Владата останува на ставот дека на Македонија ѝ е потребен период на политичка стабилност и реализација на ветените проекти, наместо нов изборен циклус. Ова го истакна владината портпаролка Марија Митева во гостувањето на 4ТВ, одговарајќи на прашањето дали се размислува за предвремени парламентарни избори.

Митева нагласи дека доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се воделе исклучиво од партиски калкулации и актуелниот политички рејтинг, избори би можеле да се организираат веднаш, но државниот интерес бара поинаков пристап.

„Ако го гледаме нашиот тесно политички интерес, би можеле веќе утре да одиме на избори согласно анкетите кои покажуваат несомнена доверба. Но, гледајќи го државниот интерес, не смееме да ја вовлекуваме државата во нов циклус кој троши време и пари, а ја запира реализацијата на проектите. Ова е реформска година на сериозни инвестиции и сметаме дека изборите треба да бидат редовни“, изјави Митева.

Таа потенцираше дека владината коалиција е стабилна и целосно фокусирана на реализација на програмските определби, но додаде дека власта е подготвена за изборно соочување со граѓаните во секој момент.

Во интервјуто, Марија Митева упати и сериозни критики кон СДСМ, оценувајќи дека повиците за избори доаѓаат од партија која се соочува со внатрешна нестабилност и недостаток на визија.

„Не гледам дека СДСМ е подготвена – ниту кадровски, ниту имаат визија или програма. Кај нив владее идентитетска криза. Од една страна велат дека се за ЕУ, а од друга излегуваат од работни групи за реформските закони. Кога ќе се спомнат избори, кај нив се чувствува страв и паника. Верувам дека на следните избори ги очекува уште посериозен пораз од оној пред две години“, рече Митева.

Таа потсети и дека опозицијата не го поддржала предлогот за укинување на техничката влада, што според неа претставува уште еден показател за, како што рече, „политичката какафонија“ во која се наоѓа македонската опозиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
Македонија

Дедо од тетовско со дрвен предмет си го истепал малолетниот

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45331
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв се враќало кај мајката

29/08/2026

На 28.08.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(43) од Скопје пријави дека подолг временски период, неговиот малолетен син манифестирал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy