МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ДОБРО ДОСИЕ ВО ОДНОС НА ЕУ Милошоски оцени дека се зацврстуваат и стратешките врски со САД
Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
– Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД и по однос на нашата политичка економска културна континентална поврзаност со ЕУ и со земјите од регионот не би ги исклучил затоа што земјите од регионот се еден навистина битен параметар којшто е во наша корист – рече Милошоски во емисијата на МРТ .
Тој додаде дека Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери.
– По однос на САД и Европа таа дилема сега се отвора затоа што имаме малку поразлични номенклатури на една или на друга страна, но во суштина ако гледате европскиот економски успех и демократија не би бил толку напреден и можен да ја немал американската стабилност и безбедносна поддршка во изминативе 60 години. Значи тоа е сепак една заедничка маса која ја држат четири заеднички ногарки, две се на Европа, а две се на САД и тоа е неразделно. И затоа сметам дека Македонија може да настапува на начин којшто ќе биде компатибилен и со развивање на стратешкото партнерство преку овие дијалози за стратешко партнерство и со политичките конекции со Европа, со некои земји со Германија, Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, регионот – рече Милошоски.
Според него, Македонија покажува високо ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија, што се потврдува и со податоците за гласање по резолуции, декларации и други акти во Обединетите нации во периодот од 2024-2026 година.
-Македонија има навистина многу добро досие, зборам во однос на ЕУ и еве баш имам една статистика за гласањето по одредени резолуции и декларации или акти во ОН. Македонија само 6 пати од 2024-2026, гласала исто како и САД, а спротивно на мнозинството членки на ЕУ во момент кога ЕУ немала заеднички став. Во спротивен случај сме гласале како мнозинството земји-членки на ЕУ кога немале консензус, а различно од САД, 148 пати. Значи се гледа дека нашата политика кога ЕУ има утврдена заедничка надворешна безбедносна политика, нашиот глас е придружен на ЕУ како целина – рече Милошоски.
.
Извор: plusinfo.mk