Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗМАМНИКОТ ОД НЕИ ПОРИ ВО ПАНИКА: Почнал да враќа пари, меѓу измамените имало и Македонци – еве што се знае досега!
Регион

ИЗМАМНИКОТ ОД НЕИ ПОРИ ВО ПАНИКА: Почнал да враќа пари, меѓу измамените имало и Македонци – еве што се знае досега!

27/07/2023

AA

Откако благодарение на брзата реакција беше откриена неговата измама со неколку туристи од Србија и  Македонија, неименуваниот маж почнал да им ги враќа парите на измамените семејства на кои им продавал непостоечко сместување во Грција.

Измамата што завчера беше откриена во рамките на Фејсбук групата „Грчка инфо“, од Наташа, која е една од администраторите, почна да се разоткрива, а по првичната објава дека е измамено семејство од Србија кое дошло во Неи Пори со бебе, каде и дознале дека станот што го платиле не постои, почнале да се јавуваат уште неколку семејства.

Вкупно, како што наведуваат администраторите на страницата, наводно биле измамени шест семејства од Србија и две од Македонија.

Изнајмени непостоечки станови за 65 евра

Иако ваквите работи завршуваат со исчезнување на измамникот, под притисок на јавноста и обелоденување на преписките како и потврди за уплатените пари, измамникот од Србија наводно почнал да ги враќа парите.

„Бидејќи предупредувањето за измамата го објавија медиумите (им благодарам за тоа), се чини дека ја сфатил сериозноста на ситуацијата и почнал да ги враќа парите. Наводно вчера на две семејства им вратил 200 евра.Тоа секако не значи дека нема да продолжи штом се смири ситуацијата или дека нема да се појави некој нов.- Наводно е во Грција, а парите се дадени на неговиот наводен брат во Србија.Претпоставката е дека ги зема парите во Србија и дека братот не постои „дава“ непостоечко сместување и сместување од страницата Букинг од други сопственици- апартмани чија цена на Букинг е 195 евра е ги дава на луѓе за 65 евра“, се вели во соопштението на веб-страницата „Грчка инфо“.

Засега не се знае дали бројот на измамени е конечен, и дали парите се вратени на сите.

Да потсетиме, за жал, во последниве години се почести овој тип на измами, а најмногу луѓе досега се измамени од тип кој се претставува како од Слаѓа, а кој „издавал“ станови на Халкидики за многу помали сума на пари од она што беше на пазарот. Кога жртвата праќала дел од парите или целата сума, измамникот ќе исчезнал на некое време, за подоцна да се врати со друго  име.

СО МАЛО БЕБЕ СТИГНАЛЕ ВО НЕИ ПОРИ ВО АПАРТМАН ШТО НЕ ПОСТОИ: Измамникот го нудел сместувањето на Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy