Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за победата на косовските парламентарни избори
Македонија

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за победата на косовските парламентарни избори

29/12/2025

AA

Партијата „Самоопределување“, предводена од премиерот Албин Курти, оствари убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Косово, покажуваат прелиминарните официјални резултати на Централната изборна комисија (ЦИК). Според податоците објавени по пребројувањето на гласовите од околу 95 отсто од избирачките места, „Самоопределување“ освоила 49,79 отсто од гласовите.

На второто место се најде Демократската партија на Косово (ПДК) со 21,18 отсто од гласовите, додека третопласиран е Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со 13,77 отсто. Овие резултати навестуваат можност за надминување на политичкиот застој кој во изминатиот период ја парализираше земјата.

По објавувањето на прелиминарните резултати, Курти порача дека е неопходно брзо формирање на институциите.

„Мораме да дејствуваме што е можно побрзо за да ги воспоставиме институциите“, изјави тој, повикувајќи ги опозициските партии на соработка во парламентот, „во интерес на граѓаните и народот“ на Косово.

На претходните избори одржани на 9 февруари, „Самоопределување“ освои 42 отсто од гласовите, што не беше доволно за формирање влада, поради што земјата повторно излезе на предвремени избори. Конечните резултати ќе бидат објавени по целосното пребројување на гласовите од дијаспората.

За самостојно формирање влада, потребни се најмалку 61 пратеник во парламентот со вкупно 120 места. Излезноста на изборите изнесуваше околу 45 отсто, што претставува зголемување во однос на февруарските избори, кога гласаа 40,6 отсто од запишаните гласачи.

Политичката стабилност е од особено значење во наредниот период, бидејќи парламентот треба да избере нов претседател и да ратификува кредитни договори во вредност од една милијарда евра со Европската Унија и Светската банка, кои истекуваат во наредните месеци. Нов неуспех во формирањето влада би ја продлабочил кризата во чувствителен момент за земјата.

Опозициските партии досега одбиваа коалиција со Курти, критикувајќи ги неговите односи со западните сојузници и политиките кон етнички поделениот север на Косово, каде живее српското малцинство. Од друга страна, Курти ја обвинува опозицијата за продолжувањето на институционалниот застој.

Во меѓувреме, честитки за изборниот резултат пристигнаа и од регионот.

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Курти, оценувајќи дека победата на „Самоопределување“ е „добра вест што доаѓа од Косово“ и потврда за демократскиот капацитет на земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Еден поротник си заминал,

21/09/2026

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy