Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изборите завршија, враќање на редовните колосеци – одма, сега и веднаш
Економија

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци – одма, сега и веднаш

13/05/2024

AA

1.Завршија двојните избори, седми по ред претседателски и единаесетти по ред парламентарни. Покрај честитките до победниците, посебни честитки за македонскиот народ кој покажа висока демократска зрелост и во голем број, без некои поголеми инциденти, потврди дека припаѓа на друштвото со европски вредности и јасно е определен да истрае на истите. Сѐ на сѐ, кога сѐ добро ќе се заврши не треба и многу да се коментира. Сега е сѐ јасно. Во наредните 10 години економијата како приоритет, градењето правна држава и систем на пазарни вредности како определена цел. Во сите случаи одговорноста и имплементацијата се најважните алатки во работењето на сите избрани личности, органи и тела. Тоа го бараше бизнисот. На тоа ќе истрае и јавно ќе критикува секоја појава која не е во согласност со овие постулати. Нашата држава е на сериозен испит, може или не може да опстои како модерен чинител на регионалната и европската сцена. 

2.Бидејќи изборите завршија од утре почнуваме со темпото на работа од пред изборите. Првите неколку активности оваа недела ќе бидат посетата на компанијата „Бехтел и Енка“, средбата со врвното раководството на мултинационалната компанија „Костал“ од Германија, учеството на Самитот во Котор, каде ќе се состанат шесте претседатели на Влади и на Комори на земјите од Западен Балкан, а во петок во Комората ќе го примам раководството на „Македонија 2025“ кое одржува токму овие денови самит во Скопје. Ако на тоа ги надоврземе и редовните активности кои неделава се одвиваат во Комората со Советот на странски инвеститори и Центарот за циркуларна економија, јасно е дека време за чекање нема. Бизнисот бара враќање на редовните колосеци бидејќи приликите во регионот и во Европа се прилично неизвесни и проблематични.

3.За и ние да не шириме демагогија, на најавените настани мора да се појавиме со нови модерни и свежи идеи во согласност со условите и приликите. Така што посетата на „Бехтел и Енка“, водечката инвестиција кај нас во наредните години, треба да е поттик за сите вработени во Комората да ги посетат фирмите и да видат што се случува таму. Разговорите со врвното раководство на „Костал“ мора да бидат прецизни и јасни за нивните очекувања од нас, затоа што странските инвеститори се значаен чинител во Комората и нивните оценки се од суштинска важност за нас. Самитот во Котор, на кој ќе се разгледува планот за новиот економски раст на ЕУ, мора во јавноста да не истакне како луѓе кои не губат време по разно-разни собири, туку изнесуваат свои предлози произлезени од компаниите за поддршката што треба да ја добијат од државите. Не, „ќе се залагаме за“, туку предлагаме „тоа и тоа“, треба да биде промената со која ќе го направиме нашиот метод на работа сосема поинаков.

П.С Активностите ќе се интензивираат до летните одмори, да ја искористиме оваа шанса и да го надоместиме времето кое што го потроши долгата изборна кампања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
Македонија

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за

18/10/2026
Македонија

СДСМ Е ДЕКЛАСИРАН ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОДДРШКАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА

18/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46244
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА ПУМПА НАМЕСТО СРЦЕ Претседателот на

18/10/2026

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“, кој повеќе од 6 години живееше со механичка пумпа

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3 гласа – кој би победил?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Резултатите од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница отвораат интересно прашање: како би изгледал резултатот доколку гласовите

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за гласање во најдобар ред

18/10/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница денеска заврши во најдобар ред, без нарушување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy