Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?
Економија

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

22/05/2024

AA

Младите по
завршувањето на основното, но и средното образование се наоѓаат на една животна
пресвртница кога треба да изберат каде ќе го продолжат своето школување што
ја одредува нивната професија.

Тие треба добро
да размислат што е она со што сакаат во иднина да се занимаваат и во која
бранша би биле најуспешни. Славица Тасева,
сертифициран кариерен советник вели дека изборот на соодветна професија е една
од најважните и најпредизвикувачки одлуки што младите во завршните години на
основното и средното образование треба да ја донесат. Додава дека оваа одлука е тесно поврзана со понатамошното
образование и кариера и бара сериозно размислување и планирање.

„Како
кариерни советници, нашата задача е да им помогнеме на младите да го истражат и
одредат нивниот кариерен пат преку структуриран процес, кој опфаќа дефинирање
на кариерните цели и донесување информирани одлуки за нивната иднина.  Им нудиме
поддршка да разберат која е
нивната посакувана слика за себе си во иднината и како да стигнат до кариерата
која ги исполнува.
Еден од првите и најважни чекори во овој
процес е самоспознавањето. Младите треба да ги идентификуваат своите интереси,
пасии и вештини, што сакаат да учат и што сакаат да работат. Вклучува размислување за активностите што ги
радуваат и мотивираат, во што се добри и кои активности ги извршуваат лесно и
со успех, како и за предизвиците и областите каде што можат да се подобрат. Во
процесот на самоспознавање користиме различни алатки, тестови и прашалници кои
помагаат во утврдувањето на професионалните афинитети. Овие тестови обично ги
проценуваат интересите, вештините, личните карактеристики и вредностите. Важно
е да се разбере дека овие тестови се само една компонента во процесот и не
треба да се земаат здраво за готово. Насочувањето кон професија врз основа на парцијални тестирања без
целокупно разбирање на личноста и целокупниот процес на кариерно планирање е
непрофесионално и може да биде штетно“, вели Тасева
.

Додава дека следниот
важен аспект е истражувањето на професиите и образовните можности, со цел да се
добие појасна слика за различните професии и светот на работата. Ова може да
вклучува читање книги, статии и онлајн ресурси за професиите, разговори со
професионалци, посети на кариерни саеми и отворени денови во средните училишта
и универзитетите. Практикантската работа и волонтирањето, нудат драгоцено искуство и увид во реалната работа,
овозможувајќи им на младите да разберат што значи да се работи во одредена
професија. Тасева објаснува дека кога
младите имаат талент во две или повеќе области, важно е
да ги истражат можностите за комбинирање на нивните интереси и таленти.

„Што е она што им е
заедничко, како може да бидат комплементарни, постои ли професија која ги обединува различните интереси, со можности за креирање на нова професија која ги користи нивните комплементарни вештини и
таленти. Секојдневно
сме сведоци дека никнуваат нови професии, можеби токму тие ќе бидат креатори на некоја нова
професија. Важно е да се разгледа и економскиот аспект на
одредена професија, истражувајќи ја побарувачката и потенцијалните приходи. Со
брзиот развој на технологијата, постојано се појавуваат нови професии кои можат
да бидат профитабилни во иднина, па следењето на трендовите и новите можности
на пазарот е од големо значење.  Процесот на кариерно советување
вклучува поддршка во која клиентот/младиот човек се спознава себеси, ги
истражува можностите и самостојно донесува информирана одлука за своето
образование и кариера. Овој процес им помага на младите да направат план на акциски чекори кои ќе ги преземат понатаму.  Најважно е младите да ја изберат
професијата која ќе ги исполнува и ќе им донесе среќа. Комбинирањето на
желбите, интересите, талентите и можностите за кариера ќе им помогне да донесат успешна одлука за својата иднина. Само ако се запознаат себеси и
ги истражат можностите за самореализација, ќе можат да донесат одлука која ќе им овозможи исполнет
живот каков што посакуваат“, наведува
Тасева.

Младите при изборот на
професија, треба да мислат и на финансискиот бенефит, односно колкави се
шансите со одредена струка брзо да најдат работа, имаат ли шанса за напредок и
добра заработка. Од бизнис секторот претходните години укажуваа дека кариерата
на младите треба да се планира, со цел да не се јавува дефицит во одредени
струки.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Фотографи во околината на Кичево „уловија“ редок кадар од балкански

24/06/2026
Македонија

Невреме во Ресенско: Силни поројни дождови, ветер и грмежи ја

24/06/2026
Македонија

„Везилка“: Македонија го доби првиот Национален центар за вештачка интелигенција

24/06/2026
Македонија

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health

24/06/2026
Македонија

Конечно екстрадиран 19 годишникот од Србија, предаден е во Затвор

24/06/2026
Македонија

ДКСК отвори предмет за Јанушев по обвинувањата на СДСМ, но

24/06/2026
Македонија

Дипломатски тензии: МНР бара одговор од Софија за протечените документи

24/06/2026
Македонија

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

24/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43932
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Фотографи во околината на Кичево „уловија“ редок кадар од балкански рис

24/06/2026

Фотографите Кујтим и Бетим Чодари снимија редок и исклучително значаен момент во срцето на македонската природа. Во околината на Кичево,

Невреме во Ресенско: Силни поројни дождови, ветер и грмежи ја зафатија Преспа

24/06/2026

Ресенскиот регион попладнево повторно беше погоден од силно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според метеоролозите, подрачјето е

„Везилка“: Македонија го доби првиот Национален центар за вештачка интелигенција

24/06/2026

Македонија отвора нова страница во дигиталниот развој со промоцијата на првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“. Проектот, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy