Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СЕ ПОНЕВЕРОЈАТНИ: „Ако не бидам избран, тоа ќе биде крвопролевање за цела држава“
Македонија

ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СЕ ПОНЕВЕРОЈАТНИ: „Ако не бидам избран, тоа ќе биде крвопролевање за цела држава“

17/03/2024

AA

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека доколку не победи на претседателските избори во ноември, тоа веројатно ќе биде крај на американската демократија.

– Ако не победиме на овие избори, мислам дека повеќе нема да ги имате во оваа земја – им порача Трамп на приврзаниците на митингот во Охајо. Тој претходно го повтори своето неосновано тврдење дека неговиот изборен пораз во 2020 година бил поради измама.

Трамп го започна своето дејтонско обраќање со оддавање почит на своите поддржувачи кои моментално се во затвор за нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, во обид да ја блокира потврдата за изборната победа на Џо Бајден. Трамп поздрави и ги нарече „патриоти“ и „заложници“.

Поранешниот републикански претседател се повеќе користи дистописка реторика во своите предизборни говори за состојбата на земјата. Во средината на говорот за царините на увезените автомобили и странската конкуренција за американската автомобилска индустрија, Трамп изјави: „Ако не бидам избран, тоа ќе биде крвопролевање за целата земја“.

Неговата кампања подоцна појасни дека мислел на економските последици. Кампањата на Бајден ги осуди „екстремизмот“, „жедта за одмазда“ и „заканите со политичко насилство“ на Трамп.

Реваншот на изборите со Бајден најверојатно ќе биде многу блиску. Минатонеделната анкета на Ројтерс и Ипсос покажа дека двајцата кандидати се статистички изедначени меѓу регистрираните гласачи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy