Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Италија ќе биде круна на нашите кариери – ќе уживаме во Бари!“
Спорт

„Италија ќе биде круна на нашите кариери – ќе уживаме во Бари!“

06/09/2023

AA

Најдобриот македонски одбојкар и капитен на златната одбојкарска генерација, Никола Ѓорѓиев посочи дека осминафиналната пресметка со велесилата Италија ќе биде круна на кариерите на оваа генерација, која испиша историја со самиот пласман во „топ 16“, без оглед на вечерашниот пораз од Чешка во три сета.

Македонија својата цел во своето трето учество на Европските првенства ја оствари, па сега Ѓорѓиев посочи дека тој и соиграчите ќе уживаат во еден спектакл во Бари, против светскиот и европски првак, кој е фаворит за круната и на овој континентален собир.

„Од овој турнир ќе го извлечеме само позитивното – Македонија ја вивнавме меѓу најдобрите 16, сега ќе напредуваме на ранглистата, долгорочно тоа многу ќе ни донесе, за следните квалификации, ќе играме Златна лига, а зашто да не и СП 2027. Италија ќе ни биде круна на кариерите, играме против светски и европски првак. И ќе уживаме во преполна сала, со одлична атмосфера како што знаат Италијанците да направат. Ние ќе го дадеме најдоброто од себе, баш тоа македонското од нас, ќе играме со милион отсто од силите, се надевам тоа ќе биде доволно за сет, два, па зошто да не сониваме и за победа? Јас сум борец, соиграчите исто така, не се предаваме, ќе излеземе да се удриме гради во гради… Не се плашам од никого, а тие на терен треба да заслужат да нѐ победат. За нас, дали тоа ќе биде доволно за 15-20 поени или сет – ќе видиме. Наше е прво да уживаме и да го живееме сонот“, рече Ѓорѓиев.

„Алал вера за Чешка како нѐ прочита. Многу добро не прочитаа, мислев нивниот техничар ќе им биде најслаба алка, заедно игравме во Фридрихсхафен, но излезе најдобар, вистински диригент. И секоја чест за нив. Јас против Чешка сум играл десетпати и никогаш не сум победикл, едноставно тој нивен стил не ни одговара. Може и бевме уморни, потрошени од сиве овие денови“, додаде Ѓорѓиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44918
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од 1 септември

09/08/2026

Македонија се соочува со драматичен демографски пад, предизвикан од намалениот наталитет, брзото стареење на населението и масовното иселување на цели

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy