Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истрага за проневера во прилепската болница
Македонија

Истрага за проневера во прилепската болница

29/05/2025

AA

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Проневера во службата член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, осомничениот како службено лице – референт-администратор шалтерски работник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално финансиски работи при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил пари  доверени во службата.

Иако бил должен паричните средства кои ги наплатувал од пациентите на Отсекот за медицина на трудот по основ на партиципација и приватни здравствени услуги да ги предаде на крајот на работниот ден на благајникот на болницата со приложени дневен фискален извештај, потврда од извршена наплата преку пос терминали и каса прими, осомничениот примопредавањето во благајната го вршел со контролни фискални извештаи испечатени кон средина на работното време и не ги прикажувал реално наплатените средства за тековниот ден, а вршел и сторнирање на наплатени парични средства, иако не поседувал потпис и печат од доктор по медицина на трудот. На тој начин за себе прибавил поголема имотна корист во вкупен износ од 1.991.240 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45191
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката Пука и Италијанецот Окипинти

22/08/2026

Охрид повторно беше домаќин на една од најзначајните пливачки манифестации во регионот – 39. Охридски пливачки маратон, на кој годинава

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот систем“

22/08/2026

Со тактичко-показна вежба, доделување признанија и презентација на специјализираната опрема, Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола го одбележа

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот во Струмица

22/08/2026

Голем пожар попладнево се прошири во атарите на селата Баница и Водоча и месноста Софилар, при што огнената линија стигна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy