Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истрага за онкологија: Тим обвинители беа во косовското обвинителство за обезбедување докази!
Македонија

Истрага за онкологија: Тим обвинители беа во косовското обвинителство за обезбедување докази!

26/09/2023

AA

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на кои беше отпочната предистрагата. Притоа, косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци.

Во следниот период, во зависност од потребите на предистрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во обвинителството во Република Албанија.

Во меѓувреме, тимот на обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да ги презема сите дејствија за целосно испитување на настанот. Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој се однесува на работата на Клиниката за онкологија.

Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ, А

17/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПАК СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПОЛИТИЧКИ ЛЕШИНАР Протестот на СДСМ

17/11/2026
Македонија

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да

16/11/2026
Македонија

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките

16/11/2026
Македонија

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ

16/11/2026
Македонија

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве

16/11/2026
Македонија

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски

16/11/2026
Македонија

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46799
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ, А ЈА ОСТАВИ СО 8,8 МИЛИЈАРДИ

17/11/2026

Има два датуми коишто се многу важни за економијата во оваа држава, рече пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ,

ФИЛИПЧЕ ПАК СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПОЛИТИЧКИ ЛЕШИНАР Протестот на СДСМ во Охрид е за фотелји,

17/11/2026

За денеска СДСМ најави протест во Охрид каде недолжна млада девојка беше крвнички нападната од насилникот кој е зад решетки,

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да се употребува како техничка вода

16/11/2026

Водата во Струга е забранета за пиење поради зголемена заматеност во градскиот водовод, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy