Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Историски потег на малата банка! Што направи ТТК Банка, а не се осмели да го направи ниту една компанија досега?
Економија

Историски потег на малата банка! Што направи ТТК Банка, а не се осмели да го направи ниту една компанија досега?

06/03/2024

AA

ТТК Банка ќе исплати дивиденда во нови акции за своите постоечки акционери. Храбар и пионерски потег во нашата корпоративна историја кој заслужува почит и внимание. По 25 години корпоративно управување и пазарна евалуација на вредноста прва македонска компанија се осмели да исплати дивиденда во нови акции. Чекор што секако вреди да се следи!

ТТК Банка направи историски потег и стана прва компанија во македонската корпоративна историја која ќе исплати дивиденда во акции кои се дел од нова емисија за познати инвеститори. Ова е предлог одлука која што акционерите на банката ќе ја гласаат на претстојното редовно акционерско собрание закажано за последниот работен ден овој месец, поточно за 29 март (петок).

Станува збор за добивка во вкупна вредност од 1,7 милиони евра (бруто износ) која банката ќе ја додели во форма на дивиденда. При тоа предлогот е секој акционер две третини од дивидендата што го следува да ја добие во нови акции, а една третина од вредноста во кеш на негоата трансакциска сметка.

Тоа значи дека банката прво со одлука на истото собрание ќе го зголеми својот капитал со 1,1 милиони евра за кои веднаш потоа ќе издаде нови акции со право на глас. Тие акции ќе ги подели на постоечките акционери согласно со нивното пропорционално учество во акционерската структура. Најголем дел од новите акции ќе добие тетовски „Тетекс“ компанија која во ТТК Банка контролира и поседува 41,4 отсто од сите акции со право на глас.

На акционерите ќе им биде исплатена дивиденда во акции вредна 1,1 милиони евра и таа ќе биде преточена во нови 67.589 акции со право на глас. На акционерите ТТК Банка ќе им исплати и дивиденда во кеш во вкупен износ од 527.500 евра. При тоа е важно да се истакне дека акционерите кои имаат помалку од десет акции својата дивиденда ќе ја добијат само во кеш затоа што вкупниот износ на дивиденда е понизок од вредноста на една нова акција. А номиналната и пазарната вредност на секоја нова акција ќе изнесува 1.000 денари.

Доколку се исклучи фактот дека ТТК Банка дел од дивидендата исплаќа во форма на акции излегува дека оваа мала банка има најголем дивиденден принос во конкуренција на сите банки. Затоа што приносот така би изнесува 7,5 отсто по акција.

Како новата емисија акции ќе влијае врз нивната пазарна цена?

Тоа зависи од неколку фактори. А веројатно најбитниот меѓу нив би бил идниот перформанс на банката. Доколку таа продолжи успешно да се бори на пазарот со силната конкуренција и да генерира добивки нејзината пазарна цена ќе расте или ќе се одржува на ова или повисоко ниво. Тоа би ја стимулирано побарувачката за таа акција и тоа ќе влијае соодветно и врз цената. Доколку пак резултатите во иднина не се такви дел од акционерите можеби ќе решат „да ја уновчат“ дивидендата и да ги продадат акциите особено од новата приватна емисија. Тоа би можело да ја спушти нејзината пазарна цена на среден рок. Особено затоа што бројот на акции кои ТТК Банка ќе ги издаде наскоро во приватна понуда е двојно поголем од целата истргувана количина со таа акција за период од една календарска година. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy