Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени
Македонија

Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени

05/03/2024

AA

Виничките пожарникари вчера интеревенирале во филтер станица на територијата на градот каде од испукана боца истекол хлор – гас кој е отровен и може да предизвика сериозни последици.

За ретката, но опасна ситуација, во која за среќа нема повредени лица, утрово информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде велат дека по интервенцијата на пожарникарите опасноста била отстранета.

„Регионалниот центар за управување со кризи Штип, информира дека пожарникарите на Територијалната противпожарна едница Виница вчера од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станица“, се вели во информацијата од ЦУК.

Било интревенирано со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Во настанот нема повредени, но на вработените во филтер станицата, се додава во соопштението, им бил даден кислород поради опасност од вдишување на отровниот гас.

Инаку, утрово од ЦУК информираа дека вчера имало вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два биле на територијата на Скопје, исто толку во Битола и по еден на териториите на Охрид, Штип и Куманово.

Според ЦУК во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112. Од нив „реални“ биле 47,40 отсто, додека 52,м60 отсто од повиците биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полицијата биле упатени 71,20 отсто, кон Итната медицинска помош 23,20 отсто, додека кон пожарниакрите биле 3,60 отсто од реалните повици на 112.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44971
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy