ИСПИЈАНИЛЕ ДЕТЕ ВО КАФУЛЕ ВО КИЧЕВО, ПО ШТО ТОА ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Полицијата им подготвува пријави на сопственикот и на кафулето
Дете од кичевското село Србица заврши во болница откако во угостителски објект во Кичево го послужиле со алкохол, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека настанот се случил на 2 октомври на полноќ. Малолетникот, иако законот не го дозволува тоа, бил послужен со алкохол, но потоа му се влошила здравствената состојба. Детето е пренесено во болницата во Кичево каде што му е пружена помош.
Полицијата соопшти дека против раководителот на кафулето и фирмата ќе бидат поднесени пријави.
.
Извор: plusinfo.mk