Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски соопшти дека два лека веќе можат да се земат во аптека
Македонија

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски соопшти дека два лека веќе можат да се земат во аптека

04/10/2026

AA

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО.

Настанот го поддржа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Министерот за здравство Клековски истакна дека подигнувањето на свеста за ракот на дојка останува еден од приоритетите, посочувајќи дека за успешно лекување неопходно е болеста да се открие навреме. Еден од главните проблеми сега, како што истакна тој, е скрининг програмата за рак на дојка, која според извештајот на Државниот завод за ревизија е неуспешна.

– Мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу бргу заедно со Хема – онко ќе промовираме нов концепт за скрининг програмата – рече Клековски.

Осврнувајќи се на третманот на пациентките, тој рече дека два лека за рак на дојка се префрлени на позитивната листа, со што пациентките кои се на хронична терапија можат лековите да ги подигнуваат во аптеките, наместо да доаѓаат на Клиниката за онкологија. Според него, снабдувањето со лекови во моментов е стабилно, но Министерството за здравство анализира дополнителни мерки за надминување на прекините во испораката на терапијата.

Тој потсети и дека од минатата година е обезбедена дополнителна финансиска поддршка за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија, со цел реконструктивните зафати да се изведуваат веднаш по оперативниот третман.

– За нас тоа не е само естетско прашање, туку прашање на психофизичкото здравје и квалитетот на живот на жените кои се соочиле со оваа болест – нагласи Клековски.

Според Ана Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО, редовните самопрегледи и раното откривање можат значително да ја зголемат шансата за успешно лекување на ракот на дојка, а кај жените кај кои болеста е откриена во рана фаза стапката на преживување надминува 99 проценти.

Според неа, иако во моментов државата нема функционална скрининг-програма, жените имаат можност преку редовни самопрегледи навреме да забележат промени и побрзо да побараат лекарска помош.

– Искрено верувам дека ако жената добро го познава своето тело и активно се грижи за своето здравје, ракот може да биде откриен во фаза кога лекувањето е најуспешно – истакна Марјановиќ.

Таа посочи и дека годинава е воведен тумор-борд за третман на рак на дојка, кој го оцени како значаен исчекор во лекувањето.

– Наместо одлуките за третманот да ги носи поединец, за секоја пациентка треба заеднички да одлучува мултидисциплинарен тим составен од онколози, торакални хирурзи, радиолози и патолози- појасни Марјановиќ.

Таа изрази надеж дека во текот на следната година во работата на тимот ќе биде вклучена и Клиниката за пластична хирургија, со цел уште од почетокот на лекувањето на пациентките да им се обезбеди поквалитетна психолошка и физичка поддршка.

Организаторите истакнаа дека токму ваквите собири придонесуваат за рушење на стигмата поврзана со болеста и за охрабрување на жените навреме да побараат помош и поддршка.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
Македонија

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46883
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со туризам

22/11/2026

По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026

Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување. Како што информираа попладнево

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по течението на Вардар

22/11/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), по вторпат ги ангажираше специјализираните тимови за потрага по исчезнатото лице во Гостивар, по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy