Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инженерската комора со предупредување: Новиот Закон за енергетика ја загрозува приватноста на граѓаните
Македонија

Инженерската комора со предупредување: Новиот Закон за енергетика ја загрозува приватноста на граѓаните

04/05/2025

AA

Инженерската институција на Република Македонија испрати остро предупредување до јавноста и институциите, укажувајќи дека новите законски измени во Законот за енергетика сериозно го нарушуваат правото на приватност и неповредливост на домот на граѓаните.

Според предупредувањето, предлог-законот предвидува овластени лица од операторите на системите за електрична енергија, гас и топлинска енергија да имаат директен пристап до делови од приватниот имот каде се наоѓаат мерните уреди, без судска одлука. Во случај на одбивање, граѓаните ќе се соочуваат со парична казна од 250 евра.

Инженерската институција нагласува дека оваа одредба е спротивна на Уставот, каде член 26 гарантира неповредливост на домот, која може да се ограничи само по судски пат и во исклучителни случаи како спречување на криминал или заштита на здравјето. „Овозможување административен пристап заради технички или комерцијални причини на приватни и странски компании, без судска контрола, е директен напад на уставните права на граѓаните“, се вели во реакцијата.

Оттаму повикуваат пратениците да бидат внимателни при усвојување на новата регулатива и да не дозволат донесување на закон кој влегува во судир со темелните човекови права.

„Станува збор за прашање кое ги засега сите – ова не е само техничка дебата, туку борба за заштита на приватноста и достоинството на секој граѓанин“, порачуваат од инженерската фела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44898
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на куќниот притвор доколку нема обвинение

07/08/2026

Шестиот и последен месец од законски предвидениот рок за истрагата против поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, истекува

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за свирепото убиство на Сузана Серенакова

07/08/2026

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените извештаи биле нецелосни

07/08/2026

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива за кризата со загадувањето на водата за пиење во Општина Гостивар, за да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy