Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интервју со Д-р Даница Алачка Дукоска: ЕМБА студиите на Сити Колеџ ја зацврстија мојата определба за професионален развој и градење кариера во здравствениот менаџмент
Економија

Интервју со Д-р Даница Алачка Дукоска: ЕМБА студиите на Сити Колеџ ја зацврстија мојата определба за професионален развој и градење кариера во здравствениот менаџмент

05/06/2024

AA

Даница Алачка Дукоска е една од постдипломците на
ЕМБА програмата на Сити Колеџ. По ЕМБА студиите на Сити Колеџ го продолжува
кариерниот пат со унапредување како Генерален директор во Би-МЕК, компанија за здравствени
технологии и ексклузивен дистрибутер на медицинска опрема со реализирани голем
број успешни проекти во јавниот и приватниот здравствен сектор. Ова е нејзиното
искуство од студиите и како го постигна нагорниот кариерен развој.

Која Ви беше мотивацијата за апликација на ЕМБА програмата на Сити Колеџ?

Алачка Дукоска: По природа сум амбициозна и љубопитна личност која постојано бара можности
да научи нешто ново, да отвори нови перспективи, да донесам нови вредности и
иновации за организацијата во која работам преку континуирано унапредување и
споделување на вештини, знаења и компетенции. Суштината на професионалното
усовршување за мене не е ограничена само на понатамошно напредување во
кариерата, туку на поширока цел за личен раст и развој и споделување на
знаењето и негова примена за да се подобри животот на другите и да се даде
придонес кон заедницата. Мотивацијата да аплицирам на ЕМБА програмата на Сити
Колеџ дојде во фаза од мојот живот кога веќе се чувствував доволно искусна и сигурна
во работењето и следен чекор беше проширување на моето формално и академско знаење
од областа на здравствениот менаџмент.

Што беше клучно за запишување на ЕМБА програмата токму на Сити Колеџ?

Алачка Дукоска: Секако дека меѓународната репутација и имиџот на Сити Колеџ како врвна
образовна институција имаа голем удел во изборот. За мене, исто така
споделеното позитивно искуство и препораки од претходните генерации беа пресудни
за одлуката да аплицирам токму на оваа програма.

Неколку зборови за академското искуство, што е тоа што би можеле да го
издвоите како најважно?

Алачка Дукоска: Бев пријатно изненадена од нивото и квалитетот на предавањата, профилот на
предавачите и начинот на работа генерално. Навистина беше уникатно академско но
и практично искуство. Знаењето стекнато во програмата иако е на високо
академско ниво е пренесено на таков начин што е веднаш апликативно и
резултатите се видливи и во пракса. Покрај високиот квалитет на целата програма
и извонредните предавачи, би сакала да додадам дека програмата нуди многу
можности за деловно вмрежување, поврзување и размена на искуства на
интернационално ниво.

Колку студиите на Сити Колеџ придонесоа за личниот и професионалниот
развој?

Алачка Дукоска: Студиите, пред сѐ ми овозможија длабоко разбирање за широк спектар на деловни
и компаниски функции, од финансии и маркетинг до продажба и стратегија. ЕМБА
програмата допринесе за развој на повисоко ниво на критичко размислување,
решавање проблеми и аналитички вештини и справување со сложените деловни
предизвици. Студиите, секако  придонесоа
и за мој личен развој и самореализација преку проширување на знаењата и
вештините, интелектуална стимулација, тимска работа и дружење со исклучителни
личности и професионалци.

Како ЕМБА програмата Ви помогна во кариерната прогресија во Би-МЕК?

Алачка Дукоска:  Јас по професија сум доктор и иако ги почнав ЕМБА студиите после повеќе од
десет години работно искуство во бизнис секторот, сепак немав формално
образование во областа на менаџментот. Студиите ги доживеав како интегратор на
целото мое претходно академско и практично искуство и знаењата стекнати таму за
мене отворија нова перспектива и ме профилираа како компетентен менаџер во
областа на здравството. Кога аплицирав за програмата, бев на позиција менаџер
за продажба, но во тек на студиите бев унапредена на позиција генерален менаџер
на компанијата и студиите навистина ми помогнаа и ме мотивираа и во пракса да
направам промени и унапредување на тимот, стратегијата, начинот на работење,
мотивирање и водење на тимот и споделување на знаењата.

Кариерата ја започнавте во медицинска област, како психијатар, а сега по
ЕМБА програмата сте на висока менаџерска позиција, повторно во здравство но
повеќе со управување отколку со лекување. Дали оваа професионална транзиција ви
дојде природно или е поттикната од ЕМБА студиите и како?

Алачка Дукоска: Мојата професионална транзиција всушност е од самиот почеток, по
завршувањето на студиите по медицина. Во индустријата со медицинска опрема
работам веќе дваесет години, од медицински претставник, преку повеќе менаџерски
позиции до директор на компанијата во последните седум години. Поминав низ
повеќе предизвици, многу едукации, доусовршувања, работев по две смени за да
завршам и специјализација по психијатрија, која иако денес не ја практикувам со
пациенти, многу ми помага во секојдневната работа и комуникација. Сепак ЕМБА
студиите некако ја зацврстија мојата определба за професионален развој и
градење кариера во здравствениот менаџмент.

Клучни совети за помладите генерации студенти?

Алачка Дукоска:  Секогаш да ги следат своите цели и амбиции. Да бидат сигурни во својот
избор за понатамошна доедукација каде би сакале да го унапредат своето
образование. Да бидат организирани, подготвени за предавањата и активно да
учествуваат во сите активности. Редовната комуникацијата со професорите е од
клучно значење за размена на мислења за време на интерактивните предавања што
овозможува олеснување за понатамошните работни 
проекти. Да се трудат да се здобијат со што повеќе информации и знаење
кои потоа ќе ги применат во работата и нивниот развој. Искуството кое може да
се стекне за време на студиите во оваа врвна образовна институција е
исклучително ретка можност и привилегија за идните студенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy