Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интервју Ивановски, директор на Финансиска полиција: Се проверува потеклото на имотот на поранешен судија, се анализираат тендерите на ЕСМ од 2021-2022
Економија

Интервју Ивановски, директор на Финансиска полиција: Се проверува потеклото на имотот на поранешен судија, се анализираат тендерите на ЕСМ од 2021-2022

25/12/2024

AA

Слободан Ивановски, в.д. директорот на Управата за финансиска полиција, во интервјуто „Фактор“ открива дека веќе се започнати две иницијативи за проверка на потеклото на имотот на поранешни функционери, од кои еден бил доскорешен судија. Се работи на повеќе предмети, а веќе е одземена документација од ЕСМ за спроведени сомнителни јавни набавки во периодот 2021-2022, вели тој во интервјуто.

Законот за
конфискациjа на имот во граѓанска постапка,со кој од функционери и граѓани ќе се одзема сопственост што не може да се докаже
дека е стекната законски, датумски веќе е во примена.Кои се належностите на Управата за финансиска полициіа во примената на
овој законски акт?

Ивановски: Законот за
конфискација на имот во граѓанска постапка е во примена и се спроведува од месец
септември. Кога јавниот обвинител има сомневање за кривично дело, но нема
доволно докази за кривично гонење или кривичното гонење не довело до осудителна
пресуда, а оцени дека постои разумно сомневање дека имотот не бил стекнат од
законски извори, доставува иницијатива до Управата за финансиска полиција. Ние
сме надлежни за прибирање на податоци за имотот чие стекнување не може да се
докаже дека е од законски извори. Вршиме идентификување, откривање и лоцирање
на имотот кој е предмет на постапката. Исто така, ги собираме, обработуваме и
анализираме податоците за утврдување на вредноста на имотот.

Доколку утврдиме
дека постои несразмерност меѓу нето вредноста на имотот и расположливите,
законити и пријавени приходи за стекнување на имотот, доставуваме извештај до
Јавното обвинителство.

Дали веќе се започнати одредени активности и дали ќе следат потенцијални случаи од страна
на Управата? Дали во моментов има некаков крупен процес на испитуванье на
потекло на имот на поранешни или актуелни министри, пратеници, судии,
обвинители и други функционери?

Ивановски: Управата веќе
постапува по две иницијативи пристигнати од Основното јавно обвинителство за
организиран криминал и корупција со што е отпочната постапка за идентификување,
откривање и лоцирање на тој имот. Во почетна фаза сме, ги вршиме првичните проверки
и ги собираме потребните податоци од другите институции. Во една од доставените
иницијативи е опфатен и поранешен судија.

Дали соработувате
со Министерството за финансии, Jавното обвинителство и
Државното правобранителство?

Ивановски: Како Управа за
финансиска полиција, редовно соработуваме со други државни органи како што се Управата за јавни приходи (УЈП), Министерството за внатрешни работи
(МВР), Јавното обвинителство и други, во рамки на
нашите овластувања и надлежности, а во интерес на
спроведување на истраги и заштита на јавниот интерес. Оваа соработка се заснова
на размена на информации и координација на активности, со цел откривање и
спречување на финансиски криминал, даночни измами и други незаконски
активности. Несомнено дека интензивната соработка ни помага за успешна имплементација на законот и постигнување на
правдата.

Би сакал да ја
истакнам одличната соработка и силната поддршка од Министерството за финансии
за сите наши активности.

Во насока на уште
поефикасна синергија во фаза сме на дигитализација на Управата со другите
институции, за електронски пристап и достава на податоци по
електронски пат. Сакаме на минимум да ја сведеме папирологијата, односно при водење на предистражна постапка и доставување на барање за податоци од други органи, да имаме пристап електронски до
таа институција. Независно дали станува збор за Централен
регистар,Катастар, банки и други институции. Дигитализацијата значително ќе ни ја олесни постапката, а истовремено, бидејќи знаеме дека предистражната постапка е тајна, дискрецијата ќе биде загарантирана, ќе имаме тајност во
постапувањето и на тој начин ќе бидеме поефикасни во делот на предистражните постапки.

Невладини
организации го оспорија овој Закон, дека може различно да се толкува и да се злоупотребува. Дали вие го
мислите истото?

Ивановски: Ние сме орган кој
заедно со Јавното обвинитество и Државното Правобранителство сме надлежни да го
спроведуваме овој закон.  Како што кажав
и претходно, веќе постапуваме по две Иницијативи. Бидејќи сме во првична фаза
по основ на овие предмети прерано е да дадеме оценка за одредени аномалии со
кои што би се соочиле при постапувањето и при спроведувањето на овој закон.

Изминатиот период
медиуми известиа дека „Финансиска полициjа” прибирала документациа од
разни правни субекти кои се под државна управа, а споменат беше и АД ЕСМ. Кои
се вашите досегашни сознаниа што можете да ги изнесете пред завноста и што се е
под истрага во моментов?

Ивановски: Во моментот се
работи на повеќе предмети за кои се обезбедува документација, еден од нив  е и АД ЕСМ каде одземена е документација за
спроведени постапки за јавни набавки за 2021-2022 година и за истата по
извршената анализа ќе биде известено Јавното обвинителство. Не би сакал да
изнесуваме детали за оваа истрага, бидејќи сепак согласно со Законот за
кривична постапка предистражната постапка е тајна. Во иднина, јавноста ќе биде
сведок на повеќе условно кажано големи предмети каде што е предизвикана штета
на буџетот од големи размери.

Ве уверувам дека
секој еден предмет кој ќе биде отворен во Управата за финансиска полиција,
секоја една наредба која е пристигната од надлежното Јавно обвинителство ќе
биде сработена на професионален начин без разлика дали се инволвирани претходни
или сегашни функционери, носители на јавни функции и слично. Управата за финансиска
полиција ќе постапува неселективно без разлика за каков предмет станува збор и
кои лица се инволвирани во него.

Александар Кузмановски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026
Македонија

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во

11/07/2026
Македонија

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за

11/07/2026
Македонија

Мицкоски дециден: Нема да потпишам капитулација за Уставот, ако народот

11/07/2026
Македонија

Јаневска најави затворање на нелегални универзитети, под клуч веќе се

11/07/2026
Македонија

Најавите за работа до 72 години ја брануваат јавноста

11/07/2026
Македонија

Филмско бегство во Кочани: Осомничен за дрога избега преку прозорец

11/07/2026
Македонија

Андоновски: Дијаспората треба да гласа електронски, за три години дигитализацијата

11/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026

Еден од најозлогласените криминални картели кој доминира во скопското подземје е групата позната како „Беланоца“, која во одредени оперативни извештаи

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во Гази Баба

11/07/2026

Тешка несреќа на работа со смртни последици се случила вчера во раните попладневни часови во скопската општина Гази Баба. Како

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за малку ќе биде вовлечен во

11/07/2026

Македонските воздухопловни власти, а не грчките, ќе ја раководат меѓународната истрага за застрашувачкиот инцидент на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ (извршен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy