Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Индиско вселенско летало потврди присуство на сулфур, железо и кислород во близина на јужниот пол на Месечината
Магазин

Индиско вселенско летало потврди присуство на сулфур, железо и кислород во близина на јужниот пол на Месечината

30/08/2023

AA

 

Индискиот лунарен ровер потврди присуство на сулфур, алуминиум, железо, калциум, титаниум, манган, кислород и силициум во близина на јужниот пол на Месечината додека бара траги од замрзната вода речиси една недела по нејзиното историско слетување на сателит на Земјата.

Како што соопшти Индиската вселенска агенција (ИСРО), се очекува роверот „Чандрајан-3“ да спроведува експерименти 14 дена.

Индискиот ровер испрати податоци дека температурата на јужниот пол на Месечината е 70 степени Целзиусови. Роверот бара знаци на замрзната вода што би можеле да им послужат на идните мисии на астронаутите како потенцијален извор на вода за пиење или за производство на ракетно гориво, објави АП.

Како што е најавено, роверот ќе ја проучува и атмосферата и сеизмичката активност на Месечината.

Трасата на роверот беше репрограмирана во понеделникот кога се приближуваше до кратерот широк четири метри и сега безбедно оди по нова патека, соопшти ИСРО.

Роверот се движи бавно, околу 10 сантиметри во секунда, за да ги минимизира ударите и оштетувањата од грубиот терен на Месечината.

По неуспешниот обид за слетување на Месечината во 2019 година, Индија минатата недела им се придружи на САД, Советскиот Сојуз и Кина како четврта земја што го постигна овој подвиг.

Се проценува дека индиската мисија на Месечината чини 75 милиони долари.

Индија ја планира својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица следната година, во соработка со САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
Македонија

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало

09/08/2026
Македонија

Полицијата му дошла на помош, тој ги нападнал: Приведен 17-годишник

09/08/2026
Македонија

Во стан во Карпош пронајдена почината 45-годишна жена

09/08/2026
Македонија

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44930
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026

Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот суд на Република Македонија, во пензија. Како што

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026

На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско,

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало во водите на Преспанското Езеро

09/08/2026

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy