Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ ГЕРМАНИЈА СТАНА „ЕКОНОМСКИОТ БОЛЕН ЧОВЕК НА ЕВРОПА“ – расте стравот од долгорочна рецесија во најсилното европско стопанство
Економија

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА СТАНА „ЕКОНОМСКИОТ БОЛЕН ЧОВЕК НА ЕВРОПА“ – расте стравот од долгорочна рецесија во најсилното европско стопанство

30/08/2023

AA

Во германските деловни кругови владее се поголем песимизам. Економијата стагнира, стравот од подолга рецесија расте. Што треба сега да направи „европскиот економски пациент“, како што пишуваат некои странски медиуми?

Расположението меѓу лидерите на германската економија дополнително се влоши во текот на август. Последен пат толку лошо беше во октомври минатата година. Како што соопшти минхенскиот ифо-институт, индексот на деловната клима се намалил од 87,4 поени (мерено во јули) на 85,7 во август годинава. Ова е четврти последователен пад, тврди ifo, врз основа на своето истражување за моменталното расположение во германската економија, во кое испитува околу 9.000 водечки личности во германските компании.

Истражувањето, исто така, покажа дека анкетираните лица го оценуваат доста ниско тековното работење на нивните компании, кое не е забележано од август 2020 година. Скептицизам владее и во однос на нивните очекувања за иднината.

Во преработувачкиот сектор, индексот на ифо-институтот за идните деловни проекции беше негативен за прв пат од октомври 2020 година. Компаниите се жалат на се помалку нови нарачки, односно нови работни места кои ќе ги реализираат. Бизнис климата забележливо се „лади“ и во услужниот сектор.

– Слабоста на индустријата го влече надолу и транспортниот и логистичкиот сектор, рече претседателот на Ифо-институтот Клеменс Фуест.

Негативен развој бележи и градежната индустрија.

– Новиот пад на индексот ифо на деловната клима е како удар во стомакот, изјави главниот економист на VP банка Томас Гицел.

Вишокот на нарачки што индустријата ги имаше за време на пандемијата на коронавирус во меѓувреме е остварен, а приватните домаќинства сè уште се принудени да штедат пари поради инфлацијата, додава Гицел.

– Ако не можеме да очекуваме нови импулси ниту од индустријата, ниту од приватните домаќинства, тоа може да значи дека германската економија и понатаму ќе биде во неволја, посочи тој.

Сè повеќе работи ја поддржуваат тезата дека стагнацијата на економската активност во текот на пролетта оваа година беше само одмор пред враќањето на рецесијата, потенцира аналитичарот Елмар Волкер од Ландесбанк Баден-Виртемберг.

– Четвртиот последователен пад на индексот на деловната клима ifo испраќа јасен сигнал за рецесија, изјави главниот економист на Commerzbank, Јорг Крамер.

Во втората половина од оваа година тој очекува економски пад во Германија.

Стагнација во вториот квартал

Германската економија забележа пад кон крајот на 2022 и почетокот на 2023 година, со што влезе во техничка рецесија. Пролетта стагнираше. Податоците на Федералниот завод за статистика штотуку ја потврдија таа стагнација во вториот квартал од оваа година.

Лошиот економски развој по двата благи минуси во последниот квартал од минатата година и првиот квартал од годинава на тој начин донекаде се стабилизира, но експертите нагласуваат дека традиционалното пролетно заживување на деловните активности изостана и додаваат дека економските прогнози за наредните месеци се уште се прилично слаби.

Бундесбанката (Централната банка) претпоставува дека економскиот развој би можел да биде на исто ниво во тековниот летен квартал и, како и во пролетните месеци, тоа значи дека стагнира. Бројни аналитичари прогнозираат пад на БДП во Германија за цела 2023 година. Државната банка KfW очекува минус од 0,4 отсто.

Како што е официјално потврдено, потрошувачката донекаде закрепна во пролетниот квартал, добрата вест е што повеќе не се намалува. И покрај високата стапка на инфлација, расходите на германските домаќинства останаа на нивото од првиот квартал од 2023 година. Истовремено, извозот од Германија е намален за 1,1 отсто. Увозот, пак, стагнира.

Дали Германија е „болна“?

Во своето неодамнешно издание, британскиот весник „Економист“ на својата насловна страница праша „Дали Германија е повторно болниот човек на Европа?“. Еден влијателен деловен весник еднаш точно ја опиша ситуацијата во Германија пред 20 години.

– Германија не е пациент на Европа. Имаше само златна економска деценија, а денес веќе не е многу конкурентна на глобално ниво“, вели Марсел Фрацшер, претседател на германскиот институт за економски истражувања.

Тој предупреди дека Германија многу добро би можела да стане „болна“ на Европа ако сега не ги користи паметно своите капацитети за да постигне напредок во однос на еколошката, дигиталната и економската трансформација.

Фрацшер бара од федералната влада да усвои трансформациска програма со три елементи.

„Намалувањето на бирократијата и регулативата со масовни инвестиции во одлична инфраструктура, државни инвестиции во иновации, истражување и образование и зајакнување на социјалните системи за да може Германија подобро да го искористи својот потенцијал и на тој начин да создаде социјална клима во која промените се прифатливи“, објасни Фрацшер.

Германија е „кочница“

– Нашата земја веќе не е локомотива на раст, туку кочничар, како најголема национална економија во Европа, изјави претседателот на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), Петер Адријан.

Тој забележува цела низа фундаментални проблеми – високи цени на енергијата, се поголем проблем со недостиг на квалификувана работна сила, дефицитарна инфраструктура.

– Доброто е што овие проблеми можат да се решат. Време е да го започнеме решавањето, изјави Адријан.

Како мерки предложи намалување на бирократијата и забрзување на процедурите за одобрување работни места, односно инвестиции.

Извор: Дојче Веле, Блиц бизнис

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОХРИД И СТРУГА ПОД ЗАСИЛЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ГОСТИ

26/11/2026
Македонија

МПЦ-ОА ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА ПРЕПОЗНААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Црквата

26/11/2026
Македонија

НАСТАВНИК НАПАДНАЛ УЧЕНИК Инцидентот се случил во дебарско село

26/11/2026
Македонија

АЛЕКСАНДАР ЧУПИЌ ДОАЃА ВО ОХРИД НА САМИТОТ БРДО-БРИОНИ Тоа му

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА СЕ ПОЖАЛИЈА ПРЕД ООН Изложени се на

26/11/2026
Македонија

ЗА ПЕНЗИИ ВО 2027 ГОДИНА СЕ ПЛАНИРАНИ 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

26/11/2026
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46939
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИД И СТРУГА ПОД ЗАСИЛЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ГОСТИ Полицијата апелира возилата да се

26/11/2026

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид,

МПЦ-ОА ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА ПРЕПОЗНААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Црквата ги осуди сите облици на

26/11/2026

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) најостро ги осудува сите облици на

НАСТАВНИК НАПАДНАЛ УЧЕНИК Инцидентот се случил во дебарско село

26/11/2026

Наставник физички нападнал ученик во училиште во дебарско село, соопшти полицијата. Настанот бил пријавен во ОВР Дебар на 25.11.2026 во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy