Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Имунотерапија за рак одобрена како потенцијален третман за белодробната фиброза
Македонија

Имунотерапија за рак одобрена како потенцијален третман за белодробната фиброза

30/04/2025

AA

Пулмоналната фиброза е сериозна и неизлечива болест која најчесто се јавува кај постарите лица, а ретко се дијагностицира пред 50-годишна возраст. Иако моментално не постои лек за ова смртоносно заболување, најновите истражувања сугерираат дека некои имунотерапии, кои се користат за лекување на рак, може да понудат нови надежи за третман на пулмоналната фиброза.

Кај пулмоналната фиброза, позната и како идиопатска белодробна фиброза (ИПФ), третманите само го забавуваат нејзиниот напредок, без можност за запирање или враќање на претходната состојба. Се смета за болест на стареењето којашто зафаќа над три милиони луѓе ширум светот. Ретко се среќава кај помлади луѓе. Може да напредува брзо, предизвикувајќи оштетувања на белите дробови, во облик на „лузни“ што го отежнуваат дишењето. Притоа, околу половина од пациентите ѝ подлегнуваат на болеста во рок од три години од дијагнозата.

Истражувачите од Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс, Луизијана, САД, открија потенцијален нов начин за лекување на ИПФ. Во напис во „Журналот за клинички истражувања“ (Journal of Clinical Investigation), се открива дека лек за рак, одобрен од надлежните власти може да му помогне на имунолошкиот систем да ги отстрани оштетените стари клетки што ги напаѓаат белите дробови.

Се работи за „Ипилимумаб“ – лек за имунотерапија којшто се користи за лекување на разни видови рак.

– Ако функционира кај белодробната фиброза, овој пристап за обновување на имунитетот би можел да биде делотворен и кај други заболувања, како што се Алцхајмеровата или срцевите болести, за коишто е познато дека акумулираат стари клетки. Дали вистинскиот лек би можел да ги активира Т-клетките за да ги отстранат старите клетки без несакана штета? Ако е така, можеби сме поблиску до борбата против болестите поврзани со стареењето, па дури и до самото стареење, истакна д-р Виктор Таникал, професор на Универзитетот.

Истражувачите откриле дека овие стари клетки се акумулираат бидејќи природната способност на имунолошкиот систем да ги отстрани е блокирана. Причината е протеинот ЦТЛА-4 што делува како вид „кочница“ на имунолошкиот систем.

Користејќи „Ипилимумаб“, научниците успеале да го блокираат ЦТЛА-4 кај глувци. Ова ги ослободило Т-клетките (т.е. лимфоцитите), коишто имаат функција да ги отстранат старите клетки. Како резултат на тоа, глувците покажале значителни подобрувања во регенерацијата на ткивото на белите дробови и намалено создавање „лузни“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
Македонија

Како Македонија го воведуваше денарот? Трпески открива со какви дилеми

08/09/2026
Македонија

Трајан Гоцевски: Македонија стекна независност под многу специфични услови, ЈНА

08/09/2026
Македонија

Туше Гошев: Јас сум таткото на правниот систем во независна

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45571
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy