Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Имер Селмани ќе создава домашен бренд на моторно масло
Економија

Имер Селмани ќе создава домашен бренд на моторно масло

16/02/2024

AA

Бизнисмененот Имер Селмани отвора бизнис со производство на моторно масло, а поранешниот кандидат за претседател на Македонија веќе го регистрираше брендот „Техно Оил“ со седиште во Сарај. Досега во Македонија имало неколку обиди за домашна продукција на моторно масло и мазиво, но генерално станува збор за непознати и неетаблирани производи.

Селмани со неговата компанија „Бис Оил“ досега го увезуваше и дистрибуираше брендот Castrol и Petrol Ofisi од Турција,   но вели проценил дека сега е време за еден домашен производ кој, како што рече за „Фактор“, ќе биде со средно ниска цена а со висок квалитет и достапен за широките народни маси.

-„Техно Оил“ ќе биде домашен супербренд за моторни масла и мазива. Во тек се инвестиции во простор, опрема и обука на стручен кадар. До крајот на 2024 првите производи ќе се најдат во продажба. При тоа, постапката за производство ќе се води по највисоки светски стандарди според европската федерација на автомобилски произведувачи ACEA и американскиот петролеум институт API, открива Селмани, кој додава дека при тоа ќе се користат сите постапки и технологи против загадување на околината. 

Новата фабрика ќе биде енергетски ефикасна и ќе се снабдува со електрична енергија од сопствена фотонапонска електроцентрала која е веќе изградена и е во функција со лиценца од регулаторната комисија.

Плановите на неговата нова компанија се по три години да се произведуваат еден милион литри на годишно ниво од поширока палета на производи, кои ќе се продаваат на домашниот и регионалниот пазар. Селмани не крие дека инвестицијата почетно ќе изнесува 3 милиони евра.

– Технолошкиот процес ќе биде од автоматизиран модерен тип  со меѓународни стандарди, но и со почитување на домашните прописи. Снабдувањето со базните масла ќе биде од европските производители, а адитивитите за оплеменување на маслата и мазивата ќе бидат германско-француски брендови. Засега можам да откријам толку, затоа што понатаму се друго е деловна тајна, вели поранешниот пратеник, министер за здравство и вицепремиер.

Тој вели дека за продажба ќе ја користи постоечката дистрибутивна мрежа на „Бис Оил“ и околу 1.000 продажни места со кои традиционално соработува повеќе од 20 години.

– Новиот бренд нема да им конкурира на оние брендови кои веќе се во продажба од наша страна како што се Castrol и Petrol Ofisi, особено не на такви од типот на „Castrol“. Ова ќе биде производ кој ќе биде достапен за сечиј џеб, како за граѓаните така и за големите потрошувачи во државата како што се градежните фирми, транспортерите и фабриките, тврди Селмани.

Тој во изминатиот период го основаше и „Бис Оил Грин Лајн“ кој ќе биде основен пристапувач за менаџирање и собирање отпадни масла за понатамошно рециклирање, соглансно новите законски прописи кои се усогласени со ЕУ директивите и националните цели а се со цел да се има поздрава, побезбедна и почиста животна средина. За оваа дејност вели дека ќе треба да се поднесува квартални извештаи за работата до Министерството за животна средина.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy