
ИМ СЕ ДОПАЃА ЗЕМЈАТА, НО ТЕШКО ИМ Е ДА НАЈДАТ РАБОТА: Како се снаоѓаат Русите во Србија една година по доселувањето?
Многу руски
граѓани за да ја избегнат мобилизацијата за војната во Украина, се иселија во
странство, а дел од нив прибежиште најдоа во Србија.
Но, за некои од
нив, Србија може да биде земја каде трајно ќе останат да живеат. Велат дека им
е тешко да најдат работа, затоа што се странци, затоа што не го познаваат
јазикот, но има и многу позитивни работи поради кои Србија им се допаѓа. Олга Александрова која живеела во близина на
Москва, сега престојува во српскиот град Лозница. Се едуцирала за биотехнологија, но сега се
надева дека нема да биде принудена да работи тешка физичка работа за малку
пари.
„Ми се допаѓа
Србија и луѓето овде. Се разбира, секогаш е тешко да се биде странец со дозвола
за престој. Секогаш е потешко за разлика од овдешните граѓанин. Тешко е да се
најде работа по струка, особено затоа што треба добро да го знаете јазикот.
Странец мора да добие и работна дозвола во земјава, во спротивно тоа не е
легално. Навистина ми се допаѓаат луѓето
овде. Многу љубезен и отворен народ, многу помагаат. Има добра клима, можам да
работам во градина поголемиот дел од годината. Сакам да патувам и има што да
видам овде. Во туристичка смисла Србија и нејзините соседи се многу потценети.
Има фантастична природа. Вознемирува состојбата со сметот и неговото сортирање,
поточно со немањето сортирање. Нема места каде што можете да донирате средства
за рециклирање или тешко се наоѓаат. Вознемирува состојбата со бездомните
животни и односот кон нив. Веќе имам 4 спасени мачки во моето семејство и не
можам да поднесам повеќе. Ни требаат засолништа, потребна ни е помош за
вакцинација и стерилизација. Имам ресурси да го решам овој проблем, се надевам
дека државата ќе се погрижи за тоа. Да, ова се две работи кои навистина би
сакала да ги променам во Србија: состојбата со ѓубрето и со бездомните животни.
И јас не ги сакам летните горештини, но ништо не можеме да направиме за тоа“,
вели Александрова.
Објаснува дека во
Русија живеела во блискиот московски регион, градот Красногорск. Не планира да
се врати назад во Русија. Таа е против војната во Украина.
„Во Србија живеам
во Лозница, на 6 километри од границата со Босна. Не планирам да се вратам во
Русија. По избувнувањето на војната, стана сосема јасно дека ниту јас, ниту
моите деца не можеме да живееме таму. Ги губам корените, жал ми е, но не можам
да го променам она што се случува таму“, рече Александрова.
Вели дека ниските
плати во Русија не се најголем проблем, туку по почетокот на војната, руската
власт донесе строги закони со кои критичарите можат да завршат во затвор. Се проценува
дека во Србија дошле околу 200.000 Руси. Некои од нив работат како фриленсери
или отвориле фирми. Поради напливот на Руси, кириите во Србија нагло се
поскапени. Руси има во Белград, Нови Сад, Суботица и други места. Руските граѓани заминаа
и во Ерменија, Грузија, Азербејџан, Турција и други земји за да не учествуваат
во војната во Украина.
Сања Атанасовска
