Метео аларм за Македонија: Утре доаѓа невреме, а во вторник врнежи од дожд
Утре попладне ќе биде на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно и во вид на невреме, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник, кога ќе биде претежно облачно, ќе бидат пообилни на југоисток (понекаде над 20 л/24ч.)
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне на повеќе места и особено во централните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, понекаде и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер.