Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илир Мета: Македонија не доби ништо на економски план од легализацијата на канабисот
Економија

Илир Мета: Македонија не доби ништо на економски план од легализацијата на канабисот

23/06/2023

AA

 Албанската владата го одобри предлог-законот за производство и употреба на канабис за медицински и индустриски цели. Согласно законот, ќе се формира и Национална агенција за контрола, која ќе дава лиценци на компаниите и ќе го следи пазарот.

Претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета, реагираше на владиниот предлог-закон за легализација на медицинскиот канабис. Во изјава за медиумите Мета ги обвини власта и државната полиција дека се во спрега со трговци, додавајќи дека ваквата одлука ќе ги уништи младите.

„Владата за дрога на Еди Рама го одбележа своето конечно заробување од трговците со дрога, со одобрување на нацрт-законот за легализација на канабисот наводно за медицинско и индустриско производство.

Овој предлог-закон е одобрен во време кога ситуацијата поврзана со трговијата со дрога е посериозна од кога било во Албанија. Тоа го докажуваат извештаите на американскиот Стејт департмент и оние на Европската Унија.

Ситуацијата е толку сериозна што ја принуди американската ДЕА да отвори директна линија за комуникација со граѓаните за да пријават трговија со дрога, поради тоталниот неуспех на државата во војната против неа. Ситуацијата станува уште посериозна кога претставници на Европската унија во Тирана и официјално потврдуваат дека Владата немала никаква комуникација со нив за ваков проблематичен закон, додека Албанија и формално ги отвори преговорите за членство во Европската унија. Нацрт-законот е де факто легализација на трговијата со дрога во Албанија бидејќи во светот е познато дека медицинскиот канабис има многу ограничена и само експериментална употреба и познато е дека Албанија нема експериментални и преработувачки капацитети и самиот светски пазар е многу, многу ограничен.

Алибито на економската придобивка паѓа бидејќи придобивките се речиси нула, што се докажа и во Северна Македонија каде што оваа иницијатива деградираше. Легализирањето на канабисот од страна на Рама има погубни последици особено за младите бидејќи овој закон ќе ја мултиплицира употребата на дрога во целина. Главната последица е создавање на зависност од дрога и сериозни физички, психички и морални проблеми како резултат. Канабисот е шизофреничен предизвикувач. Канабисот е дрога, претходник на употребата на тешки дроги“, искоментира вчера Мета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy