Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИДНИТЕ ХИРУРЗИ ЌЕ ДОБИЈАТ ШИРОКО ХИРУРШКО ЗНАЕЊЕ Целта е да има функционални хирурзи во внатрешноста на земјава
Македонија

ИДНИТЕ ХИРУРЗИ ЌЕ ДОБИЈАТ ШИРОКО ХИРУРШКО ЗНАЕЊЕ Целта е да има функционални хирурзи во внатрешноста на земјава

16/04/2026

AA

Во рамките на реформата на системот на здравствена заштита се унапредува еден од најважните сегменти кој има директно влијание врз квалитетот на здравствените услуги што ги добиваат граѓаните, а тоа е системот на специјализации и супспецијализации. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој ги презентира новите програми за специјализации и супспецијализации.

– Анализите покажаа дека имаме тесно профилирани специјалисти со ограничена применливост, недоволна практична подготвеност, особено во итната и во интензивната медицина, како и сериозен притисок врз терцијарното здравство. Дополнително, постои неусогласеност со современите европски образовни модели. Затоа примарниот фокус на оваа реформа го ставаме на две клучни области – интерната медицина и општата хирургија. Во делот на интерната медицина воведуваме засилена практична обука, особено во ургентната медицина и интензивната нега – рече Алиу.

Се воведуваат засилени обуки за POCUS – point-of-care ултразвук како стандардна вештина за секој интернист, а дополнително се дефинираат минимални практични интервенции и се овозможува поголема автономија на специјалистите во нивната секојдневна работа.

– Нашата цел е образовниот процес да создаде интернист кој може самостојно да управува со комплексни и итни состојби на секундарно ниво, со поширока клиничка подготвеност за состојби во однос на разните органски системи. Во делот на општата хирургија воведуваме петгодишен, европски усогласен курикулум, со широка хируршка основа и мултисистемски пристап. Го подобруваме системот на тријажа и создаваме основа за понатамошна супспецијализација. Целта е да создадеме флексибилен и функционален хирург, со развиени вештини и знаење да одговори на реалните потреби на болниците, особено во внатрешноста на државата – истакна Алиу.

Според него, ефектите, кои се очекува да бидат постигнати за здравствениот систем, се подобра достапност на квалитетна здравствена услуга, намалување на упатите кон терциерното ниво, подигнување на безбедноста на пациентите и рационализација на човечки ресурси.

Тој појасни дека предвиден е период од 36 месеци, односно три години по специјализацијата студентите да може од стара специјализација да се префрлат на нова програма.

Новиот модел, нагласи министерот, предвидува едногодишни програми за постојните специјалисти, односно нивно усогласување, како и двегодишни програми со стандардна надградба по новите специјализации.

– Нашата стратешка насока кон која се движиме е враќање кон широка базична специјализација, супспецијализација како надградба, примена на принцип на регионализација и постигнување баланс меѓу општи специјалисти и тесно профилирани експерти. Ова, освен што е образовна реформа, истовремено е и системска промена, која ќе донесе подобра достапност до квалитетна здравствена услуга, поефикасно користење на ресурсите и зајакнување на секундарното здравство, покомплетен, пофлексибилен и системски усогласен медицински кадар како одговор на реалните потреби на здравствениот систем и пациентите, како и кадар кој не само што има знаење туку има и практична подготвеност да реагира онаму каде што е најпотребно – додаде Алиу.

За значењето на реформата во медицинското образование, на прес-конференцијата зборуваа деканите на медицинските факултети во Скопје, Тетово и во Штип, проф. д-р Светозар Антовиќ, проф. д-р Невзат Елези и проф. д-р Катерина Златановска, како и претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова. 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy