Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Македонија

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

18/12/2025

AA

Нова фотоволтаична централа ќе ги опслужува енергетските потреби на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Централата со инсталиран капацитет од 39.6 kWp  во Центарот за обука каде се одвива основна и специјализирана полициска обука, е донација на ОКТА, а проектот е дел од активностите на компанијата за унапредување на квалитетот на животот на заедницата во објекти од јавен интерес. 

Главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос нагласи дека компанијата останува посветена на реализација на инвестиции во зелена енергија, кои имаат значајно позитивно влијание во заедницата.

„Покрај другите проекти во енергетиката, ОКТА активно реализира иницијативи во областа на зелената енергија. Нашето стекнато искуство сакаме да го ставиме во функција на заедницата и заедно со нашите партнери да спроведеме активности кои ќе имаат значајно влијание и ќе поттикнат нови проекти во оваа област. ОКТА останува посветена на овој процес и во иднина ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката со партнерите и заедницата. Искрено верувам дека оваа донација ќе донесе нова вредност за Центарот за обука и ќе овозможи негов развој“ потенцира извршниот директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

Новата фотонапонска централа ќе има годишно производство  од 53.46 MWh зелена енергија. Со нејзиното функционирање Центарот за обука ќе намали емисија на CO₂ за 42.7 тони годишно, што претставува значаен придонес кон намалување на јаглеродниот отпечаток и заштита на животната околина. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека донацијата ќе има големо влијание врз напорите за што поголемо користење на зелена енергија во јавните институции  и додаде: 

„Оваа фотонапонска централа ќе придонесе за модернизација на енергетската инфраструктура на нашиот Центар за обука, кој е една од стратешките институции на МВР. Дополнително преку оваа донација, Центарот за обука ќе користи чист извор на енергија, што ќе ги намали трошоците на МВР за енергија, а средствата ќе може да се пренасочат во други развојни проекти од интерес на институцијата. Ваквите партнерства се пример како државата и приватниот сектор можат заеднички да градат одржлива иднина и се охрабрување и до другите компании да следат вакви практики“, изјави министерот Тошковски. 

Во рамките на својата долгогодишна соработка со МВР, ОКТА активно придонесува кон зголемување на безбедноста во сообраќајот преку платформата „Јас внимавам“. Како дел од оваа кампања, компанијата донираше фотоволтаични сообраќајни знаци поставени во близина на повеќе основни училишта, со цел подобра заштита на најмладите учесници и подигање на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот. 

Последната донација е дел од  континуираните инвестициите на ОКТА во обновливи извори на енергија. Компанијата досега донираше фотоволтаични системи на повеќе образовни институции, односно училишта и градинки низ државата. Во наредниот период се планирани уште неколку инсталации на фотоволтаични системи на јавни установи како донација од ОКТА. Со вложување во зелени енергетски решенија и партнерства со институциите, ОКТА ја потврдува својата долгорочна посветеност кон енергетската транзиција и создавање почиста и одржлива околина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy