Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КИЧЕВО И СТРУМИЦА СЕ ГУШАТ ВО СМОГ Прагот за алармирање надминат, еве кои мерки стапуваат во сила
Македонија

КИЧЕВО И СТРУМИЦА СЕ ГУШАТ ВО СМОГ Прагот за алармирање надминат, еве кои мерки стапуваат во сила

18/12/2025

AA

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат во Кичево и во Струмица – информира Министерството за животна средина и просторно планирање

Во следната табела се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање:

*концентрациите се изразени во mg/m3

 

Минстерството информира дека, во согласност со настанатата состојба, во овие места стапуваат во сила следните мерки:

– Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола

– Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати

– Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци

– Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила

– Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата

– Забрана на горење на отворено

– Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

– Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот

– Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Министерството потсетува дека Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45635
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари – нема повредени

11/09/2026

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа повеќе од дваесет дуќани. Според

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто, дизелите убедливо доминираат

11/09/2026

Македонија во последните години бележи значителен пораст на бројот на автомобили, но и покрај сè поголемата застапеност на хибридните и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy