Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хуманитарна акција на Црвениот крст: Помош за настраданите од поплавите во скопски Сарај, Гостивар и Кичево!
Македонија

Хуманитарна акција на Црвениот крст: Помош за настраданите од поплавите во скопски Сарај, Гостивар и Кичево!

18/02/2026

AA

Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост кај населението. По обилните врнежи од дожд и излевањето на водотеците, голем број домаќинства се соочуваат со поплавени домови, оштетен имот и отежнато движење.

Црвен крст на Република Северна Македонија веднаш излезе на терен и активно се вклучи во активностите за помош, во координација со надлежните институции. Вкупно 200 волонтери и вработени на Црвениот крст се ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка и помош за погоденото население.

Во Кичево, вкупно засегнато население со материјална штета се 362 домаќинства, односно околу 1200 лица од кои 250 лица (62 семејства) се евакуирани и привремено грижени во спортската сала „Христо Узунов“, меѓу кои 61 дете, 178 возрасни и постари лица и 11 лица со попреченост.

Покрај Кичево, погодено е население и во општина Гостивар (село Форино) околу 500 живеалишта, и во општина Сарај (село Буковиќ, Семениште и Горна Арнакија) 30 живеалишта.

Во рамки на хуманитарната интеверција, Црвениот крст обезбеди и дистрибуираше помош на 400 семејства и тоа 10 палети вода, 820 ќебиња, 400 хигиенски пакети, 250 пакети со храна, 250 душеци, бебешка храна и хигиена, и нова облека. Црвениот крст во соработка со општина Кичево и локални донатори обезбедува по три топли оброци за 250 лица на дневна основа кои се евакуирани и привремено згрижени.

Дополнително во континуиет се обзебедува и психо-социјална поддршка на погоденото население. На телефонските линии 072-239-077, 072-239-051 за психо-социјална поддршка, досега побараа помош 50 лица.

Црвениот крст останува на терен и подготвен да обезбеди дополнителна поддршка согласно развојот на состојбта и потребите на погоденото населението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45697
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе на повеќе од 10 локации

21/09/2026

Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400 КГ Двајца се во притвор,

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми успеале да изнесат од куќа во тетовското село Палчиште четворица осомничени за серија тешки кражби.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy