Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хуманитарен концерт во Штип со 200 талентирани ученици за помош на семејствата од трагедијата во Кочани
Македонија

Хуманитарен концерт во Штип со 200 талентирани ученици за помош на семејствата од трагедијата во Кочани

29/04/2025

AA

Штипската сцена ќе оживее утревечер со звуците на македонската музика, кога околу 200 талентирани ученици од источниот регион ќе настапат во Центарот за култура „Ацо Шопов“ со изведби на забавни и народни песни.

Виктор Карапанџов од Здружението на музички педагози вели дека станува збор за хуманитарен концерт, а чија цел е обезбедување финансиска поддршка на настраданите семејства од трагедијата во Кочани. Карапанџов вели дека источниот регион е расадник на музички таленти.

-Бројката на деца кои ќе настапат е од 180 до 200, а имаме хор од Виница, играорна група ќе ни гостува од Виница, потоа имаме мандолински оркестар и да напоменам дека овде во Штип долги години немаме слушнато мандолински оркестар. Значи мандолински оркестар од Пехчево, потоа од Берово имаме мешан оркестар со мандолини, клавир и гитара, специјално за оваа намена Штип како наставници се здруживме од три училишта „Ванчо Прќе“, „Тошо Арсов“ и „Славејко Арсов“ и направивме еден голем хор специјално за оваа манифестација, вели Карапанџов.

На хуманитарниот концерт ќе настапат и солисти, оркестри. Целта е да се здружат наставниците и учениците, а публиката да дојде и да ги слушне и виде нивните таленти. За овој хуманитарен концерт нема да се продаваат билети, туку ќе биде поставена кутија, во којашто секој граѓанин ќе може да донира колку сака за настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
Македонија

„Нелегалниот“ премин кај Бит-пазар станува легален: Ќе има семафори и

31/08/2026
Македонија

Инцидент во Комплексот клиники „Мајка Тереза“: Влегол во просторија, украл

31/08/2026
Македонија

Македонските превозници со камиони пред Делегацијата на ЕУ: Бараат решение

31/08/2026
Македонија

Нови цени на горивата од полноќ: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026

Во Основниот суд во Куманово денеска продолжи судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски од селото Драгоманце, кој е обвинет за

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026

Новата учебна 2026/2027 година во Македонија започнува со промени во мрежата на училиштата, откако 26 подрачни училишта во руралните средини

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026

Небанкарскиот финансиски сектор во вториот квартал од 2026 година бележи значителен раст, при што вкупните средства на останатите финансиски институции

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy