
Хрватска загуби добиен меч – прими пет гола по ред во финишот!
Хрватска водеше во текот на целиот натпревар, а првото полувреме го доби со 11-8, додека во вториот дел имаше предност и од шест гола (19-13). Во финишот од средбата Унгарија го засили темпото и ја искористи кризата кај противникот за да постигне пет гола по ред и да слави со 23-22.
Клујбер беше најефикасна кај Унгарија со девет голови, додека Милосављевиќ постигна осум погодоци за Хрватска.
На вториот меч кој беше одигран од 18 часот, Романија ја надигра Полска со 27-26.
