Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Лидери сме во регионот за енергетска транзиција, го следиме патот на ЕУ за Зелената агенда
Македонија

Ковачевски: Лидери сме во регионот за енергетска транзиција, го следиме патот на ЕУ за Зелената агенда

11/12/2023

AA

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, на отворената трибина „Ние сме Европа“ во Куманово, на осмиот завршен настан говореше на тема: „Членството во ЕУ од аспект на енергетиката“.

Покрај претседателот на Владата, Ковачевски на отворената трибина говореа и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот за европски прашања, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е Дејвид Гир, Амбасадор на Европската Унија, како и Н.Е Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставници на дипломатски кор, институции, граѓански организации и деловната заедница.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање подвлече дека Северна Македонија, како и секоја земја во услови на најголемата светска енергетска криза, водеше стратешки домашни политики за снабдување со енергија и храна и зголемување на производството, со цел системот да функционира, граѓаните да се заштитат од ценовен шок, компаниите да бидат ликвидни и виталните функции на државата да се одвиваат непречено. Дополнително како што истакна Ковачевски се обединивме со регионот, со сите наши соседи, а поддршката на Европската Унија беше клучна во градењето побезбедна, посигурна и позелена енергетска иднина на нашата земја.

Премиерот Ковачевски рече дека со растот на инвестициите во обновливи извори на енергија, кризата ја претворивме во можност, станавме лидери во енергетската транзиција и нашата земја ја претворивме во зелен енергетски хаб.

Во продолжение интегралното обраќање во целина:

„Распоредот сакаше и судбината сакаше последната трибина да биде во мојот роден град и тука да ги видам сите другари, семејство, пријатели, комшии, дел и не ги познавам бидејќи сум веќе постар, дел се помлади, меѓутоа сакам сите да ги поздравам, посебно да ги поздравам министрите во Владата, вицепремиерите, стопанствениците, граѓаните и секако германската амбасадорка Дрекслер, шпанскиот амбасадор и амбасадорот на ЕУ кој ќе ни се обрати преку видео врска.

Почитувани граѓани,

Драго ми е што денес во Куманово зборуваме за исклучително важна тема, а тоа е енергетиката меѓу другото и од аспект на членството во Европската Унија. Денешната трибина е последна од серијата трибини односно настани кои ги направивме и кои се одржуваа во речиси сите градови во државата, во рамки на кампањата „Ние сме Европа” организирана од Секретаријатот за европски прашањата.

Во оваа прилика сакам да упатам честитки на организаторите и за учесниците, на сите говорници, панелисти, гости од различни сфери на општеството, професори, стопанственици, граѓански активисти, претставници на институции, дипломатски кор, кои во изминатите неколку месеци јавно зборуваа за придобивките од нашето членството во Европската Унија, кое пред се значи подобар животен стандард за граѓаните, подобра работа за компаниите и подобра работа и функционирање на здравството, образованието, судството, економијата, културата, по стандарди кои сите ги посакуваме, а тоа се европските стандарди.

Посебно сакам да се заблагодарам на вицепремиерот Маричиќ кој исто така потекнува од овој град и сакам еден аплауз за него што во изминатите месеци навистина со колегите се потрудија ова да го организираат.

На првата трибина во Скопје говорев за економските ефекти од членството во ЕУ, за растот на платите, пензиите, стандардот и колку истиот се зголеми во земјите откако станале членки на ЕУ.
Она што е важно е дека во нашата земја, на европскиот пат на кој оваа Влада ја држи земјата, растат платите и пензиите и во услови на најголема криза.

Горд сум на сработеното. На она што го направивме заедно со министрите во овие изминати години на криза, прво ковид, енергетска криза, економска криза и сите тие треба да бидат горди на се она што го направивме од аспект на економските резултати, а ќе набројам само неколку од нив. Просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари, што е зголемување за 100 евра во однос на она што беше во 2016 година. Минималната пензија, денес е 13.200 денари, а во 2016 година беше 9.000 денари. Покачувањето е 4.000 денари.

Просечната плата за септември 2023 е 37.876 денари, скоро 38.000 денари или 614 евра, тоа значи покачување за 250 евра, во однос на она што беше во 2016 кога изнесувала нешто над 22.000 денари. Во тоа време просечната плата била колку што е сега минималната плата во државата. Во државата денес има историски највисока минимална плата од 20.175 денари, а во март ќе изнесува 22.500 денари . Ако во 2016 беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка денес се потребни две минимални плати за една потрошувачка кошничка на просечно македонско семејство. И тоа е резултат на кој сите треба да бидат горди. И оние кои што тоа го овозможија, пред се тука мислам на министрите од економските ресори, финансии, вицепремиерот Битиќи и министерката за труд и социјална политика, меѓутоа секако и синдикатите кои што учествуваа во тие преговори и со кои што изнајдовме заеднички јазик за нови методологии. И ова го загарантиравме со закон и со новата методологија за постојан раст на минимална плата. И платите и пензиите и во иднина и ќе се зголемуваат како се движиме по евроинтеграцискиот пат, а двојно ќе се зголемат со влезот во Европската Унија.

Прогресот и развојот е неминовен на тој пат. Од сите аспекти. И од аспект на економија и од аспект на енергетика за која денес поконкретно ќе зборуваме.

Јас ќе зборувам и за придобивките од европската транзиција и се она што како држава успеавме да го направиме во доменот на енергетиката и тоа во услови на најголемата светска економско-енергетска криза која светот ја памети по Втората Светска Војна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Целосна забрана за движење во шумите од 1 јули: Глоба

26/06/2026
Македонија

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Дебрца за несовесно работење

26/06/2026
Македонија

Следува зголемување на платите за припадниците на Армијата

26/06/2026
Македонија

Македонски државјанин вмешан во нарко-мрежа што шверцувала кокаин во Европа

26/06/2026
Македонија

„Маршот на ангелите“ продолжува: Во сабота 46. протестен марш во

26/06/2026
Македонија

УХМР предупредува: Доаѓа топлотен бран, температурите ќе достигнат до 39

26/06/2026
Македонија

Алиу: Во политиката сум за да менувам работи, а не

26/06/2026
Македонија

Приведен маж од Кочани, возел без возачка дозвола – во

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43961
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Целосна забрана за движење во шумите од 1 јули: Глоба до 2.000 евра за прекршителите

26/06/2026

Поради зголемената опасност од појава и ширење на шумски пожари, од 1 јули стапува во сила целосна забрана за движење

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Дебрца за несовесно работење

26/06/2026

СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Дебрца поради сомнение за несовесно работење во службата и предизвикување

Следува зголемување на платите за припадниците на Армијата

26/06/2026

Подобрување на материјалниот статус на припадниците на Армијата и нови услови регулирани со колективен договор се најавите што ги упати

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy