Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрват пукал во маж за кој се сомневал дека е љубовник на жена му, а потоа бркал друг човек поради пари
Регион

Хрват пукал во маж за кој се сомневал дека е љубовник на жена му, а потоа бркал друг човек поради пари

29/06/2023

AA

Маж во Хрватска пукал во еден човек поради жена, а потоа бркал друг поради пари.

Бранко Мамиќ, пензиониран полицаец кој денеска тешко ранил маж во Трогир,  во мај е неправосилно осуден за седум кривични дела против сопругата и децата, а по пукањето во далматинскиот град тргнал во потрага по уште еден маж.  Судот на Мамиќ му изрекол казна од две и пол години затвор, од кои требало да одлежи десет месеци, додека остатокот од казната бил условно одреден со рок на проверка од пет години. Поранешниот полицаец е обвинет за семејно насилство откако дивеел дома пред сопругата и петте деца, уверен дека сопругата го изневерува со соседот.

Тој физички ја нападнал сопругата, држејќи притоа пиштол и заканувајќи се дека ќе ги убие сите, а во еден момент пукал и во ѕидот. По четири месеци минати во притвор, Мамиќ по пресудата е пуштен на слобода.

Мамиќ во младиот маж пукал во центарот на градот затоа што во налет на љубомора се сомневал дека тој е љубовник на неговата сопруга, бидејќи пред некое време пронашол пораки од него во мобилниот телефон на жената. Сепак, според истите приказни, момчето немало такви или слични аспирации кон сопругата на Мамиќ, туку сè се сведувало на пријателски односи.

Мамиќ од местото на пукањето побегнал вооружен на мотор и тргнал во потрага по уште еден маж, кого го обвинува за својот финансиски крах.

Во потера по поранешниот полицаец тргнале полицајци, а локалните медиуми пишуваат дека на островот Чиово во тек е полициска акција во која е обиколена куќа во која наводно се крие Мамиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45797
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy