Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хотел Молика за прв пат со позитивен резултат, проект за изградба на спа центар
Економија

Хотел Молика за прв пат со позитивен резултат, проект за изградба на спа центар

14/04/2024

AA

ЕСМ објави дека хотелот Молика на Пелистер за прв пат во последните 30 години оствари позитивен финансиски резултат на годишно ниво и започна постапката за изградба
на Спа центар во рамки на туристичкиот објект.

– Управниот одбор на Државните електрани даде зелено светло за предлог – финансиската конструкција за изградба на Спа центар во Хотел Молика, меѓудругото, и заради одлично завршените реконструктивни зафати во Хотелот Молика кои беа изведени за првпат после 30 години откако објектот е изграден, а кои наидоа на исклучително позитивни реакции во битолската и македонската јавност. Исто така, за првпат откако постои, Хотел Молика минатата година ја заврши со позитивен финансиски резултат, што внесува дополнителна доверба во АД ЕСМ дека и изградбата на Спа центарот во Хотелот Молика ќе биде реализирана според планот кој друштвото го зацрта, објави ЕСМ.

Од таму додаваат дека санирана е целокупната застарена водоводна
инсталација и инфраструктура од зафатот во Ротинска река до резервоарите за
вода и системот за дозирање со резидуален хлор, како и базенот во кој се влива
оваа вода, во непосредна близина на хотелот. Тоа е предуслов за изградба на Спа
центарот кој значително ќе го зголеми квалитетот на понудата на Хотел Молика.

– Паралелно со овие зафати, ЕСМ Молика работи на
обезбедување на потребната документација од надлежните државни институции и од
Општина Битола за почеток на градежните работи. Покрај Спа центар во кој
гостите ќе се рекреираат и ќе уживаат, предвидена е изградба и на фитнес сала
со поглед на моликовата шума, додадено е во информацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
Македонија

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во

12/10/2026
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46124
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026

Несовесни граѓани исфрлија кабаст отпад среде шума во Националниот парк Галичица, објави порталот Охрид1, кој добил фотографии од читатели. На

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во Куманово

12/10/2026

Санирањето на депонијата ќе продолжи и во наредниот период, со цел Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ да спречат

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за случајот со Ива Михаилова

12/10/2026

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy