Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хелсинки објави дека Турција донела одлука за прием на Финска во НАТО, ставот ќе биде објавен в петок
Македонија

Хелсинки објави дека Турција донела одлука за прием на Финска во НАТО, ставот ќе биде објавен в петок

15/03/2023

AA

Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган донесоа одлука за прием на Финска во НАТО, која официјално ќе биде објавена в петок за време на посетата на финскиот претседател, соопштено е денеска во Хелсинки.

„Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам нивниот одговор кога ќе ја соопштат својата одлука. Се разбира, јас ја прифатив поканата и ќе одам да ги добијам нивните искажани намери“, наведе финскиот претседател Саули Ниинисто во изјава.

Турскиот претседател, кој во моментов води кампања за реизбор, од минатата година го блокира пристапот на Финска и Шведска до Алијансата, а веќе утрово посочи дека позитивно ќе одговори на ветувањето дадено во Хелсинки дека земјата ќе влезе во Алијансата.

„Ние ќе го направиме нашиот дел, ќе го почитуваме ветувањето што го дадовме. Ќе се сретнеме со претседателот в петок и ќе го направиме она што го бара нашето ветување“, рече Ердоган.

Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО во мај 2022 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
Македонија

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски

06/08/2026
Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен

06/08/2026
Македонија

Историски нискиот водостој на Дунав ги крена цените на струјата:

06/08/2026
Македонија

Владата не планира зголемување на цената на струјата, можно проширување

06/08/2026
Македонија

Струга бележи рекордна посетеност: Богатата летна програма ги исполни бреговите

06/08/2026
Македонија

Жештини, невремиња и пожари: сè поголем товар за инфраструктурата

06/08/2026
Македонија

Алармантен демографски тренд: Во новата учебна година дури 4.900 помалку

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44886
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy